9 добри филмови за долгиот викенд

9 добри филмови за долгиот викенд

Ако ви се гледа филм, мора да размислите за овие девет предлози. Тоа се одлични филмови кои добија признание од широката публика, а сигурно некои од нив ќе ви се допаднат и вам.

1. Егзодус: Богови и кралеви (Exodus: Gods and Kings)

9 добри филмови за долг викенд

Спектакуларен блокбастер за добро познатата библиска приказна за Мојсеј, човекот кој се охрабрил Евреите, од робови во Египет, да ги врати да живеат во слобода во нивната ветена земја. Кристијан Бејл се јавува во улогата на Мојсеј, а Џоел Еџертон го игра Рамзес. Инаку филмот има поразлична содржина од оние кои традиционално се прикажуваат околу Велигден.

2. Игра на имитација (The Imitation Game)

9 добри филмови за долг викенд

Алан Туринг е брилијантен ум кој има капацитет да прочита кодови кои за сите други се мистерија. Тоа е човек кој навистина живеел и според чија приказна е сниман овој одличен филм. Овде е раскажан делот во кој тој со своите способности ѝ помага на својата земја во борбата против нацистите во Втората светска војна. Туринг ќе биде дел од тим кој ќе добие задача да ги прочита тајните кодови на Германците кои се клучни за добивањето на војната.

3. Грабната 3 (Taken 3)

9 добри филмови за долг викенд

Фановите на првите два филма од серијалот знаат што може да очекуваат и од овој дел. Овој пат Брајан Милс, ликот на Лијам Нисон, се обидува да докаже дека не е убиец. Кога неговата сопруга ќе биде убиена од албанската мафија тој ќе биде главниот осомничен и затоа ФБИ и ЦИА ќе го бркаат. Во таков момент тој ќе мора повторно да ги употреби своите вештини за да ги пронајде вистинските убијци и да го исчисти своето име.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар