7 тинејџерски филмови кои секоја девојка треба да ги погледне

Автор: Ана Петровиќ

Без разлика на вашата возраст, постојат тинејџерски филмови кои секоја девојка треба да ги погледне. Тие се забавни, понекогаш и поучни и скоро сите ќе изнудат насмевка на вашето лице. Ако не сте гледале некој од овие филмови, викнете ги вашите пријателки, направете пуканки и уживајте во забавата.

(0) 7-tinejdzherski-filmovi-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-pogledne-kafepauza.mk

1. Злобни девојки (Mean Girls)

(1) 7-tinejdzherski-filmovi-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-pogledne-kafepauza.mkЛиндзи Лохан ја гледаме во улога на девојка која е образована дома до своите 16 години, и која влегува во средношколските води, несвесна за општествената хиерархија. Од повлечена девојка, таа преминува во дел од групата „Пластични“, заради популарност во училиштето.

Ова е еден од тинејџерските филмови кој ја прикажува опасноста од обидот за вклопување во друштвото. Базирана на научно-стручната книга „Пчелите-матици и имитаторите“, овој филм пробува да ги подучи девојките да се прифатат себеси и да не се обидуваат да ги импресионираат момците со нивниот стремеж за слава и популарност.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар