7 филмови што допрва ќе излезат и не смеете да си дозволите да ги пропуштите оваа година

7 филмови што допрва ќе излезат и не смеете да си дозволите да ги пропуштите оваа година

Секогаш постојат филмови што можат да сопрат нечие срце во исчекување на нивното излегување. За да бидете сигурни дека нема да пропуштите ниту еден од овие до крајот на годинава, запишете ги следниве датуми!

1. Сојузници (Allied) – 23 ноември 2016

(1) 7 филмови што допрва ќе излезат и не смеете да си дозволите да ги пропуштите оваа година

Во центарот на Втората светска војна, американски агент започнува афера со прекрасна Французинка. Цврстината на нивната врска ќе биде тестирана, а главниот тест ќе вклучува откривање на вистината. Многу брзо мажот ќе открие дека сопругата и мајката на неговите деца е всушност фашистички шпион…

2. Вероисповед на платените убијци (Assassin’s Creed) – 14 декември 2016

(2) 7 филмови што допрва ќе излезат и не смеете да си дозволите да ги пропуштите оваа година

Овој филм е базиран според популарната серија видео игри со истото име. Главниот лик, Линч, користи специјална технологија за да ги живее одново авантурите на неговиот предок, кој едно време бил платен убиец. Бидејќи наследил неверојатни способности од неговиот роднина, тој се бори против темпларите витези во наше време.

3. Одметник 1: Приказна за војна на ѕвездите (Rogue One: A Star Wars Story) – 16 декември 2016

(3) 7 филмови што допрва ќе излезат и не смеете да си дозволите да ги пропуштите оваа година

Овој филм ни ги покажува настаните што му претходат на четвртиот дел од филмовите Војна на ѕвездите. Знаејќи дека Империјата создала воена станица со моќ да уништи планета, алијансата на бунтовниците наоѓаат начин како да ги украдат плановите за тајното оружје.

4. Патници (Passengers) – 21 декември 2016

(4) 7 филмови што допрва ќе излезат и не смеете да си дозволите да ги пропуштите оваа година

Вселенски брод патува кон планета што ќе биде нов дом за неговите патници. Сите луѓе што се на бродот се во состојба на суспендирана анимација, бидејќи патувањето трае 90 години. Но, двајца патници неочекувано се будат и сфаќаат дека им е судено да го поминат остатокот од нивниот живот заедно.

5. Огради (Fences) – 25 декември 2016

(5) 7 филмови што допрва ќе излезат и не смеете да си дозволите да ги пропуштите оваа година

Станува збор за еден бејзбол играч, кој поради одредени околности, се откажува од играта и почнува да работи како метач на улици во својот роден град. Поранешниот спортист се обидува да се грижи за семејството и да се справува со многу различни проблеми, меѓу кои и расна дискриминација. Приказната е базирана според Бродвејска драма што добила Пулицерова награда.

6. Злато (Gold) – 25 декември 2016

(6) 7 филмови што допрва ќе излезат и не смеете да си дозволите да ги пропуштите оваа година

Овој филм е базиран според вистинска приказна. Главниот карактер, Кени Велс, тргнува во потрага по злато со неуспешен геолог. Нивното неверојатно патување од џунглите во Индонезија до кулите на Вол Стрит целосно ќе им го промени животот.

7. Колатерална убавина (Collateral Beauty) – 30 декември 2016

(7) 7 филмови што допрва ќе излезат и не смеете да си дозволите да ги пропуштите оваа година

Овој филм ни ја раскажува приказната за еден човек кој поминал низ тешка лична траума и го изгубил целиот интерес за животот. За да го одвлечат од депресија, неговите пријатели смислуваат специјален план кој ќе излезе ефективен, но на најнеочекуваниот начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар