6 одлични филмови од 2016 година што можеби сте ги пропуштиле

Нема сомнеж дека првата половина од 2016 година ќе биде запомнета како динамична ера за киното. Во текот на последниве неколку месеци имавме можност да гледаме големи наслови, да се забавуваме покрај суперхерои, да се запознаеме со нови омилени ликови како и да уживаме во одличните продолженија. Иако можеби најдобрите филмови за оваа година допрва следуваат, сепак погледнете ја следнава листа од неколку одлични приказни за кои не се подигна толку голема врева…

1. Здраво, моето име е Дорис (Hello, My Name Is Doris)

(1) 6 одлични филмови од 2016 година што можеби сте ги пропуштиле

Станува збор за филм кој ви покажува дека е сосема во ред да бидете оние што навистина сте, додека истовремено треба да знаете кога да направите промена и да се турнете себеси во нова насока. Овој филм е и весел и тажен, но токму карактерот на Дорис (Сали Фиелд) што изгледа толку човечен и реален е тоа што ја прави оваа приказна богата и неверојатна за гледање.

2. Не размислувај двапати (Don’t Think Twice)

(2) 6 одлични филмови од 2016 година што можеби сте ги пропуштиле

Дали вашите соништа можат да се менуваат како што стареете? Оваа истовремено и слатка и горчлива комедија се врти околу непростливиот контекст на шоу-бизнисот. Станува збор за група актери импровизатори, што ги толкуваат вистински комичари како Киган-Мајкл Кеј и Џилијан Џејкобс.

3. Улица на песната (Sing Street)

(3) 6 одлични филмови од 2016 година што можеби сте ги пропуштиле

Приказната во оваа ирска музичка комедија е многу едноставна: Во 1985 година, даблинскиот тинејџер Конор (Фердија Волш-Пило), започнува со рок бенд надевајќи се дека ќе ја импресионира својата симпатија и ќе избега од неизбежниот семеен живот. Овој филм изобилува со оптимизам, но токму песните се оние што ќе ви остават најголем впечаток.

4. Јастог (The Lobster)

(4) 6 одлични филмови од 2016 година што можеби сте ги пропуштиле

Што ако сите сингл луѓе биле истерани од градовите и натерани да ја најдат својата сродна душа во рок од 30 дена, бидејќи во спротивно ќе бидат трансформирани во животно и пуштени во шума? Можеби звучи лудо, но тоа е основата на ова приказна – чуден, но возбудлив филм што ќе ве замисли и ќе предизвика да се почувствувате депресивно. Главната улога му припаѓа на Колин Фарел.

5. Вештерка (The Witch)

(5) 6 одлични филмови од 2016 година што можеби сте ги пропуштиле

Овој филм за прв пат ја преплашил публиката во 2015 година за време на „Sundance“, и оваа година конечно добива шанса за поширока дистрибуција. Главната улога ѝ припаѓа на младата актерка Ања Тејлор-Џој, а дејството се одвива во Нова Англија, за време на 17-тиот век и ги следи настаните на едно пуританско семејство што ќе открие натприродно суштество во шума.

6. Љубов и пријателство (Love and Friendship)

(6) 6 одлични филмови од 2016 година што можеби сте ги пропуштиле

Овој филм е базиран според романот Дамата Сузан, на Џејн Остин. Кејт Бекинсејл ја толкува улогата на Сузан Вернон, манипулативна и заводлива жена што би направила сè за да го освои мажот што го посакува. Со оглед на тоа што станува збор за историски филм, приказната изненадува со својот хумор, па затоа ја прави незаборавна.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар