6 филмови што ќе ве натераат да се сомневате во реалноста и во животот

Некои филмови се направени со цел да ни го допрат срцето. Нивните трогателни или среќни приказни нè тераат да се поврземе со нашата човечност и емпатија. А некои филмови пак се направени да го допрат нашиот ум, да го разработат нашиот мозок и да ја разбудат и прошират нашата свесност.

1. Буден живот (Waking Life)

(1)6-filmovi-koi-kje-ve-nateraat-da-se-somnevate-vo-realnosta-i-zhivotot-kafepauza.mk

Што е сон а што е реалност? Дали навистина можеме да го разликуваме едното од другото? И што всушност значи сонот? Ова се само некои од прашањата што ги поставува овој филм. Главниот лик лута низ моменти, дијалози и важни настани во кои некогаш не е ни присутен. Ова е филм што се сомнева во секој аспект од постоењето и завршува со егзистенцијална криза. На крајот ќе останете со многу неодговорени филозофски прашања, од кои најважно е: Дали мојот живот е реален?

2. Самсара (Samsara)

(2)6-filmovi-koi-kje-ve-nateraat-da-se-somnevate-vo-realnosta-i-zhivotot-kafepauza.mk

Самсара е документарец од 2011 година. Насловот на филмот е санскритски збор кој значи „јамката на континуираниот живот.“ Овој збор се користи за да се опише циклусот на раѓање, смрт и повторно раѓање, тема која е прикажана во филмот. Пораката на филмот е за глобалната свест и за поврзаноста на сè во овој свет.

3. Чичко Бунми кој се сеќава на старите животи (Uncle Boonmee Who Can Recall His Past Lives)

Uncle Boonmee Who Can Recall His Past Lives

Чичко Бунми умира, па во неговите последни денови тој оди на патување да ги истражи своите минати животи, во физичка и духовна форма. Според режисерот, филмот е еден вид личен дневник. Приказната обработува теми како сеќавања, трансформација, реинкарнација и природата на смртта.

4. Под кожата (Under the Skin)

(4)6-filmovi-koi-kje-ve-nateraat-da-se-somnevate-vo-realnosta-i-zhivotot-kafepauza.mk

Главниот лик, кој го глуми Скарлет Јохансон, е вонземјанин чие име не го дознаваме. Таа зазема човечка форма и заведува мажи кои потоа ги носи во нејзиното „гнездо.“ Овој филм ќе ве остави збунети и долго ќе се обидувате да сфатите што всушност сте изгледале. Овој филм ја прикажува свесноста како лично човечко искуство.

5. Влез во празнината (Enter the Void)

(5)6-filmovi-koi-kje-ve-nateraat-da-se-somnevate-vo-realnosta-i-zhivotot-kafepauza.mk

Користењето на силните неонски бои, и перспективата од прво лице (прикажано е дури и трепкањето на главниот лик) може навистина да си поигра со вашата перцепција. Главниот лик умира, а ние го гледаме неговото искуство надвор од физичкото тело преку неговите очи. Тој патува низ просторот и времето, а темпото на филмот постепено се забрзува. Крајот ќе ве натера да се прашувате дали ова е животот после смртта, или пак прикажување на теоријата дека кога ќе умреме го преживуваме целиот живот.

6. Што било од режисерот Андреј Тарковски

(6)6-filmovi-koi-kje-ve-nateraat-da-se-somnevate-vo-realnosta-i-zhivotot-kafepauza.mk

Соларис (Solaris), Сталкер (Salker) и Огледалото (The Mirror) се добри за почеток. Руските филмови отсекогаш биле посебни, но Тарковски е незаменлив кога станува за провокативни и рефлексивни филмови. Детство, соништа, сеќавање, паранормално… овие работи се негов заштитен знак. Неговите филмови имаат многу симболика, а целта на Тарковски била да создаде филмови кои го оформуваат времето, ја искривуваат нашата перцепција и ни покажуваат дека сè е релативно во однос на таа перцепција. Неговите филмови не се лесни за гледање, но штом ќе изгледате еден, сигурно ќе сакате повеќе.

Погледнете ги и овие филмови кои ќе ви го скршат срцето, но ќе ви ја вратат вербата во човештвото.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар