5 мартовски филмски премиери што не смеете да ги пропуштите

За разлика од февруари, во март нè очекуваат дел од најголемите наслови за оваа година. И овој месец повторно доминира научната фантастика и фантазијата, уште еднаш докажувајќи ни дека овие жанрови продолжуваат да владеат со филмската сцена.

5 мартовски филмски премиери што не смеете да ги пропуштите

1. Логан (Logan) – 3 март 2017

Во блиска иднина, Логан се грижи за професорот Икс во скривница на мексиканската граница. Сепак и покрај обидите на Логан да се скрие од светот, целиот живот му се менува откако ќе пристигне млад мутант, гонет од темни сили.

2. Конг: Островот на черепите (Kong: Skull Island) – 10 март 2017

Тим различни истражувачи се спојуваат во заедничката мисија да истражат скриен остров на Тихиот океан, кој е исто толку прекрасен колку и опасен, без да знаат дека ќе влезат во територијата на мистичниот Конг.

3. Убавицата и Ѕверот (Beauty and the Beast) – 17 март

Станува збор за филмска адаптација на добро познатиот цртан филм од 1991 година. Приказната го следи фантастичното искуство на Бела – паметна, прекрасна и независна жена која ќе стане затвореник на ужасен ѕвер во неговиот замок.

4. Моќни ренџери (Power Rangers) – 24 март

Група сосема обични тинејџери од средно училиште дознаваат дека нивниот мал град, а и целиот свет, е на работ да биде уништен од страна на вонземна закана. Одбрани од судбината, хероите брзо дознаат дека се единствените што можат да ја спасат планетата.

5. Дух во школка (Ghost in the Shell) – 31 март

Приказната се врти околу единствениот хибрид од човек и киборг, што води елитна единица чија мисија е запирање на најопасните криминалци и екстремисти. Најголемата закана во Сектор 9 доаѓа од непријател чија единствена цел е да ја уништи кибер-технологијата.

Прочитајте и кои 17 филмови со нетрпение ги чекаме во 2017 година!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар