5 филмски премиери што со нетрпение ги очекуваме во март

Изгледа месец март ќе биде многу возбудлив за љубителите на филмското платно, бидејќи нè очекуваат навистина големи наслови. Па, погледнете што доаѓа овој месец во кино салите ширум светот и запишете ги најважните 5 датуми!

5 филмски премиери што со нетрпение ги очекуваме во март

1. Црвено врапче (Red Sparrow) – 2 март 2018

Џенифер Лоренс ја толкува улогата на Доминика Егорова, која против својата волја ќе стане „Врапче“, односно специјално тренирана агентка што ги користи телото и умот како оружја. Таа мора да ја заборави личноста што била во минатото и да се прифати себеси во сегашноста за да може да преживее во овој свет.

2. Набор во времето (A Wrinkle in Time) – 9 март 2018

Приказната го следи животот на Мег Мјури (Сторм Рид), младо девојче што било трауматизирано по исчезнувањето на нејзиниот татко научник. Таа ќе се најде себеси на интерпланетарно патување со цел да го пронајде својот татко…

3. Ограбувач на гробови (Tomb Raider) – 16 март 2018

Лара Крофт е огнено независна ќерка на ексцентричен авантурист што исчезнува уште кога таа била тинејџерка. Сега, на 21-годишна возраст, и против последните желби на татко си, таа остава сè зад себе и трга во најголемата авантура на својот живот, убедена дека тој е уште жив.

4. Пацифик Рим: Побуна (Pacific Rim: Uprising) – 23 март 2018

Застрашувачкиот конфликт помеѓу чудовиштата од друг свет, одговорни за масивно уништување на Земјата и луѓето што со помош на огромни супермашини се обидуваат да го заштитат човештвото, води кон неверојатни битки што малкумина би можеле да ги издржат.

5. Играч број 1 (Ready Player One) – 29 март 2018

Приказната се одвива во виртуелниот свет наречен Оаза, каде што еден тинејџер почнува да трага по скриено богатство и се бори против безмилосни негативци откако креаторот на играта умира и го нуди своето богатство како главната награда.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар