3-те најочекувани филмски премиери во септември

3-те најочекувани филмски премиери во септември

Без размислување можеме да кажеме дека оваа година беше една од оние кога имавме можност да погледнеме безброј одлични филмови, како и да се разочараме од некои долго очекувани премиери. Што се однесува до филмовите кои следуваат, во септември повторно нè очекуваат голем број одлични приказни, од кои ги извлекуваме 3-те најпопуларни меѓу љубителите на филмското платно. Дали тие ќе успеат да ги задоволат нашите очекувања, или ќе нè разочараат? Останува да видиме…

1. Морган (Morgan)

(1) 3-те најочекувани филмски премиери во септември

Главни улоги: Роуз Лесли, Кејт Мара, Мишел Јео

Премиера: 02 септември 2016

Жанр: драма, хорор, мистерија

Кратка содржина: Консултант за управување со ризици треба да одлучи дали е подобро да се стави крај на вештачка интелигенција која била направени во лабораториска околина.

2. Седумте величествени (The Magnificent Seven)

(3) 3-те најочекувани филмски премиери во септември

Главни улоги: Дензел Вашингтон, Крис Прат, Итан Хок

Премиера: 23 септември 2016

Жанр: акција, вестерн

Кратка содржина: 7 мажи со пиштоли од стариот запад, полека се собираат со цел да помогнат едно сиромашно село да се одбрани од крадци дивјаци.

3. Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children)

(2) 3-те најочекувани филмски премиери во септември

Главни улоги: Ева Грин, Семјуел Л. Џексон, Алисон Џенеј

Премиера: 30 септември 2016

Жанр: авантура, фантазија

Кратка содржина: Кога Џејкоб открива траги за мистерија која се протега низ различни светови и времиња, тој го открива домот за необични деца на госпоѓица Перегрин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар