14 филмови кои го променија светот - Part 2

14 филмови кои го променија светот

8. „Чувари на плажа“ (Baywatch): Голем број луѓе аплицирале за да бидат чувари

(8)14-filmovi-koi-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

По првата епизода од серијата, црвените костими за капење станале најпосакуваното парче облека за жените. Малку подоцна се зголемил и интересот за работење како спасител – илјадници млади девојки и деца од целиот свет се запишале на курс за подготовка. Денес оваа работа е добро платена, но не е лесно да ги исполните барањата.

9. „Досиеја Икс“ (The X-Files): Зголемен број на НЛО видувања и зголемен интерес за наука и паранормални феномени

(9)14-filmovi-koi-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Кој нема сонувано да истражува чудни паранормални случаи како Молдер и Скали? Популарноста на серијата го разбудила интересот кај луѓето да ги проучуваат необјаснивите работи. Покрај тоа, благодарение на серијата почнале да се појавуваат и голем број фотографии како докази за НЛО и почнале да се формираат илјадници здруженија на Интернет.

10. „Доктор Хаус“ (House M.D.): Докторите направиле дијагноза по сличност во епизода од серијата

(10)14-filmovi-koi-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Лекарите ја сакаат оваа серија бидејќи е направена според вистински случаи и може да биде од помош. Ова се случило кога еден пациент не можел да добие дијагноза цела година. Тогаш еден лекар случајно изгледал епизода за пациент со слични симптоми и конечно откриле што му е на вистинскиот пациент. Излегло дека страдал од труење предизвикано од металниот инплант во неговата нога.

11. „Џ.Ф.К.“ (JFK): Владата била присилена да декласифицира документи

(11)14-filmovi-koi-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Во текот на филмот, херојот се бори против владата и ја обвинува за заговор. Притоа се обидува да ја открие вистината зад убиството на Џон Кенеди. По филмот конгресот на САД декласифицирал документи поврзани со неговата смрт за да избегне нови обвинувања.

12. „Паркот Јура“ (Jurassic Park): Луѓето почнале да купуваат смола со инсекти

(12)14-filmovi-koi-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Приказната за неверојатното клонирање започнува со смола во која се наоѓа комарец. Филмот станал толку популарен што продавачите на смола со инсекти станале милионери. Некои купувале смола со цел сериозно да ги испитаат комарците внатре, додека другите планирале да ги продаваат на научници кои сакале да клонираат диносауруси.

13. Спектар (Spectre): Во Мексико бил организиран фестивал за да ги достигне очекувањата на туристите

(13)14-filmovi-koi-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Парадата во филмот била толку живописна што главниот град на Мексико морал да направи нешто. Парадата се одржува секоја година бидејќи милиони туристи кои го следат познатиот агент 007 сакале да учествуваат во поворката за Денот на мртвите.

14. Берни (Bernie): Судот го ослободил главниот лик од филмот обвинет за убиството на неговата жена

(14)14-filmovi-koi-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Филмот е направен според вистинска приказна за човек кој работел како изработувач на ковчези. Го сметале за добар човек и станал близок со постара жена која му станала сопруга. Со текот на времето нејзиното однесување се влошило до тој степен што мажот без да сака ја убил. Филмот завршува со негово затворање, иако во очите на јавноста е невин. По премиерата на филмот, адвокатот Џоди Кол се заинтересирал за случајот и открил нови факти кои му помогнале на Берни да излезе од затвор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар