13 стари филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение

Се чувствувате тажно? Пуштете некој од овие филмови. Тие не само што ќе ви го активираат чувството на носталгија за минатото, туку истовремено ќе направат да се чувствувате и радосни. Истражувањата ни покажуваат дека вашите омилени филмови се неодоливи за вашиот мозок. Со други зборови, во човечката природа се наоѓа потребата за прегледување на филмовите и ТВ сериите во кои сме уживале во одреден среќен момент од нашиот живот. Без разлика дали се работи за филмско ремек-дело или за некој светски блокбастер, омилениот филм може да ви го промени начинот на размислување. Во продолжение следуваат 13 филмови кои дефинитивно треба да ги имате на дофат доколку сте лошо расположени.

1. Изгубена (Clueless)

(0) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение

Овој филм е малку смешен и бесмислен, но многу примамлив и интересен. Нешто слично како актерот Пол Руд. И секако, да не заборавиме на музиката во филмот која е едноставно совршена.

2. Филмот на Шиљо (A Goofy Movie)

(2) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение

Овој филм ќе ве потсети на периодот кога сте имале 8 години, како и на крајот кој е прекрасен. А замислете, сите ликови се кучиња! Колку е тоа неверојатно?!

3. Принцезата невеста (The Princess Bride)

(6) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение

Овој филм има сѐ што можете да замислите. Пирати, мечување, глодачи со невообичаена големина, Били Кристл, вистинска љубов! И секако да не заборавиме на познатата изјава: „Здраво, моето име е Иниго Монтоја. Вие го убивте мојот татко. Подгответе се да умрете!“

4. 27 фустани (27 Dresses)

(7) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение

Оваа романтична комедија е толку лоша, што поради тоа станува одлична и секогаш ќе ве направи среќни откако ќе завршите со гледање.

5. Еден убав ден (One Fine Day)

(3) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение

Џорџ Клуни + Мишел Фајфер + Њујорк = Совршенство. Нема потреба да се каже ништо повеќе.

6. Љубовта нема правила (Something’s Gotta Give)

(8) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение

Овој филм од почетокот на новиот милениум има незаменлив саундрак и драгоцена актерска екипа.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар