12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме оваа година - Part 2

12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме оваа година

7. Ѕвездени патеки: Понатаму (Star Trek Beyond) – 22 јули

Крис Пајн и Закари Куинто ќе се вратат во улогите на Капетан Џејмс Т. Кирк и Командантот Спок во третото продолжение на „Ѕвездени патеки“ кое премиерно ќе се изведе во кино салите ширум светот на 50-годишнината од оригиналниот серијал. Во филмот ќе ги погледнеме и Сајмон Пег, Зои Салдана, Карл Урбан, Џон Чо, како и Идрис Елба и Софија Бутела.

8. Самоубиствен тим (Suicide Squad) – 5 август

Третиот филм кој ќе биде дел од филмските адаптации на стриповите на „DC Comics“ го следи тимот на кој им е доделена една опасна, тајна владина мисија. „Самоубиствен тим“ доби големо внимание поради актерската екипа која се состои од ѕвездите Вил Смит, Џаред Лето, Маргот Роби, Кара Делавињ и Виола Дејвис. Ако успее да ги оправда сите големи очекувања од фановите, филмот ќе биде еден од најдобрите летни хитови за оваа година.

9. Доктор Стрејнџ (Doctor Strange) – 4 ноември

12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме во 2016-тата

Доктор Стрејнџ ќе биде првиот нов лик кој ќе ја отвори третата фаза на „Marvel“ која, пак, започнува со гореспоменатиот „Капетан Америка: Граѓанска војна“. Дејството го следи Доктор Стрејнџ (Бенедикт Камбербач) кој ги презема дури и најневозможните мерки за да ги излечи своите дланки кои ги повредува во една незгода. На крајот, се обидува и со магијата, а откритието и совладувањето на магичните уметности и вештини му ја припишува титулата „Врховен волшебник“. Првите фотографии и рекламните цртежи ветуваат филм кој ги поместува границите на физиката и кој се споредува со „Inception“.

10. Фантастични ѕверови и каде да ги најдете (Fantastic Beasts And Where To Find Them) – 18 ноември

Фановите на Хари Потер ќе можат да се порадуваат на новото продолжение инспирирано од магичниот свет во кое ќе го гледаме ексцентричниот магизоолог Њут Скамандер (Еди Редмејн) кој патува низ светот за да бара и регистрира места на кои живеат ретки магични суштества. Покрај Еди, ќе имаме можност да ги видиме и Кетрин Ватерстон, Колин Фарел, Рон Перлман и Џон Војт. И, за крај, најдобриот дел: Џ.К. Роулинг го напиша сценариото.

11. Непријател 1: Приказна за Војна на ѕвездите (Rogue One: A Star Wars Story) – 16 декември

12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме во 2016-тата

„Силата се буди“ веќе го прослави познатиот и на многумина омилен серијал „Војна на ѕвездите“, но „Непријател 1“ нуди многу новитети, а и многу објаснувања. Филмот ќе биде првиот од антолошката серија за „Војна на ѕвездите“ (колекција од посебни приказни кое го следат дејството од оригиналните филмови). Сместен помеѓу „Епизода III: Одмаздата на Сит“ и „Епизода IV: Нова надеж“, овој филм ја прикажува судбината на една група бунтовници кои сакаат да ги украдат плановите за Ѕвездата на смртта. Во него ќе ги гледаме Фелисити Џоунс, Диего Луна и Мадс Микелсен, но и Бен Менделсон како главниот антагонист.

12. Патници (Passengers) – 21 декември

12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме во 2016-тата

Оваа научно фантастична романса ги спојува двете најголеми холивудски имиња во моментов – Крис Прат и Џенифер Лоренс. Во режија на Мортен Тилдум, кој ни го донесе „Игра на имитација“, филмот ни ја раскажува приказната за двајца патници кои се будат 60 години порано, откако вселенското летало кое пренесува илјадници луѓе на една далечна колонија на планетата Земја доживува мала несреќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар