12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме оваа година

12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме оваа година

Кога станува збор за филмот и филмската индустрија едно нешто е сигурно: 2016-та ќе биде важна година. Со претстојните филмови за суперхерои: „Дедпул“, „Капетан Америка: Граѓанска војна“, „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“, како и новите продолженија на научно фантастичните „Ѕвездени патеки“ и „Војна на ѕвездите“, е повеќе од јасно каде фановите најмногу ќе ги трошат своите пари во наредните месеци. Во продолжение погледнете ја листата на најочекуваните 12 филмови за оваа година, наредени по хронолошки редослед по датумот на нивната премиера.

12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме во 2016-та

1. Дедпул (Deadpool) – 14 февруари

Откако со години се преговараше за неговото снимање, „Дедпул“ конечно ќе пристигне во светските кина заедно со целиот свој хумор, храброст и харизма. Трејлерот ветува дејство кое ја следи оригиналната приказна од стриповите на „Marvel“, а ѕвездата која ја толкува насловната улога – Рајан Рејнолдс, повторно ќе добие шанса да го оживее „зборливиот војник“ Вејд Вилсон кој го запознавме во „Икс-мен: Потекла“ (X-men Origins).

2. Бетмен против Супермен: Зора на правдата (Batman v. Superman: Dawn of Justice) – 25 март

Филмското студио „Warner Bros.“ го користи долго очекуваниот „Бетмен против Супермен“ како вовед, односно почеток на сите идни филмски адаптации на приказните од стриповите на „DC Comics“. Ќе гo гледаме Бен Афлек како витезот на Готам кој, плашејќи се од ризиците кои ги носи големиот суперхерој, се соочува со најпочитуваниот спасител на Метрополис и пошироко – Супермен (Хенри Кавил). Како што тие се борат меѓусебно, се заканува нова опасност која можеби е најголемата со која светот се соочил досега.

3. Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: Civil War) – 6 мај

Има толку многу суперхерои во овој филм, што може да го сметаме како уште еден дел од „Одмаздници“. Но, двајца ликови стојат во преден план: Стив Роџерс (Крис Еванс) и Тони Старк (Роберт Дауни Џуниор). Како што Капетан Америка ги води Одмаздниците во нивните континуирани обиди да го штитат човештвото, политичките притисоци ги тераат светските лидери да инсталираат систем кој ќе ги ограничи активностите на овие херојски тимови. Така, новиот статус кво ги разделува Одмаздниците во оној момент кога е најпотребно тие да останат заедно.

4. Добрите момци (The Nice Guys) – 20 мај

Овој мистериозен трилер во режија и сценарио на Шејн Блек, полека но сигурно ја зазема титулата на најветувачкиот филм на пролетта. Сместено во 1970-тите, дејството се врти околу еден приватен детектив кој се здружува со полицаец почетник за да го истражува самоубиството на една порно ѕвезда чија слава почнала да згаснува. На платното ќе ја гледаме силната актерска екипа составена од Расел Кроу и Рајан Гослинг, во придружба од Мет Бомер и Ким Басинџер.

5. Икс-мен: Апокалипса (X-Men: Apocalypse) – 26 мај

Последното продолжение на франшизата „Икс-мен“ ќе ја затвори трилогијата која започна со „Икс-мен: Прва класа“, а ќе ја отвори трилогијата која започна со „Икс-мен“ во 2000-тата година. Дејството ќе се концентрира на приказните на Професор Икс (Џејмс МекАвој), Магнето (Мајкл Фесбендер), Мистик (Џенифер Лоренс) и Ѕвер (Николас Холт), како и нивното соочување со досега најголемиот антагонист во сагата, но и првиот мутант во светот – Апокалипса (Оскар Ајзек), кој се буди по илјадници години за да донесе „правда“ во современиот свет кој според него живее во заблуда.

6. Истерувачи на духови (Ghostbusters) – 22 јули

12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме во 2016-та

Новата верзија на „Истерувачи на духови“ овој пат ја претставува женската сила во Кристен Виг, Мелиса МекКарти, Лесли Џоунс и Кејт МекКинон како новата група хероини кои се борат против духовите. На нивната екипа им се приклучува и Крис Хемсворт како новиот рецепционер, а фановите може да очекуваат и неколку појавувања од старата постава на првиот филм „Истерувачи на духови“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар