12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

Цртаните филмови во себе кријат многу значајни вистини и бесценети лекции, иако на прв поглед делуваат детско и наивно. Понекогаш, некои од анимираните филмови треба да ги погледнете неколку пати за да ја сфатите нивната суштинска порака. Сигурни сте ги гледале следниве 12 анимирани филмови, но можеби не сте го разбрале нивното длабоко психолошко значење. Дознајте што се крие зад површината на приказната на вашите омилени цртани ликови…

1. „Барајќи ја Дори“, 2016 (Finding Dory)

12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

Порака: Сите сме различни и треба да ги почитуваме необичните особини на другите.

Главниот лик во оваа анимација е слатката риба Дори, која многу заборава. Таа сака да си го најде семејството, но не може да се сети каде е. Дори уште од раѓање ги губела сеќавањата. По примерот на овој цртан филм, родителите можат да им објаснат на децата колку е важно да ги прифаќаме другите такви какви што се.

2. „Добриот диносаурус“, 2015 (The Good Dinosaur)

12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

Порака: Искреното пријателство е супермоќ!

Во овој анимиран филм не се работи само за пријателството помеѓу мало момче и голем диносаурус. Се работи за свет во којшто природата ја победила цивилизацијата, а не обратно. Додека децата уживаат во динамичната приказна и веселите ликови, возрасните можат да размислуваат за стравовите на диносаурусот Арло и моќта на вистинското пријателство.

3. „Опаку наопаку“, 2015 (Inside Out)

12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

Порака: Не плашете се од вашите емоции.

Ова е еден од најмоќните анимирани филмови на Пиксар, кој бил одобрен дури и од страна на психотерапевтите. Главната хероина е Рајли, девојче кое се обидува да се справи со нејзините емоции (радост, тага, страва, лутина и презир). Рајли може да им помогне и на возрасните и на децата да сфатат дека е нормално да се доживуваат различни емоции, само треба да ги држиме под контрола.

4. „Храбрата Мерида“, 2012 (Brave)

12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

Порака: Оставете ги стереотипите на страна и бидете свои.

Овој анимиран филм е одличен потсетник дека никој од нас не мора да исполнува нечии туѓи очекувања. Цртаниот филм ја прикажува приказната за врската помеѓу храбрата Мерида и мајка ѝ, која ја испланирала иднината на ќерка си до најситни детали. На крајот, сфаќаме дека девојчињата не мора да бидат принцези ако ги обожуваат лудите авантури.

5. „Нагоре“, 2009 (Up)

12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

Порака: Никогаш не е предоцна да си го остварите сонот.

Ова е тажна и трогателна приказна за осаменоста и староста. Карл секој ден мисли на неговата почината сопруга и на авантурите за кои сонувале заедно. На крајот, Карл решава да патува сам во неговата летечка куќа, но едно смешно момче му ги менува плановите. Овој анимиран филм ни открива дека на сите ни требаат бајки во животот, без оглед на возраста.

6. „Воли“, 2008 (WALL-E)

12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

Порака: Ние сме одговорни за нашата планета.

Во овој анимиран филм не се работи само за длабоките чувства, туку и за големите одговорности. Воли нѐ подучува дека треба да се грижиме за Земјата, со тоа што ни ја покажува можната иднина на нашата планета ако продолжиме неограничено да ги користиме нејзините ресурси.

Продолжете на следната страница за останатите прекрасни анимирани филмови…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар