12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Холивудските режисери секогаш раскажуваат за тоа колку многу актери посакувале да бидат дел од нивните филмови, но тоа не е секогаш така. Понекогаш, актерите одбиваат некои улоги и режисерите се во очајна потрага по нов глумец кој ќе им го игра главниот лик. Прочитајте ги следниве интересни факти за нашите омилени ликови што веројатно не сте ги знаеле досега…

1. Џон МекКлејн од „Умри машки“ (Die Hard)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Се вели дека Арнолд Шварценегер бил првиот што ја добил понудата да го игра полицаецот МекКлејн и овој филм требало да биде продолжение на неговиот акционен филм од 1985 година, „Командо“ (Commando). Но, Арнолд ја одбил улогата од етички причини. Имено, главните негативни ликови се терористи со германски акцент, а и Арнолд го има истиот акцент. Силвестер Сталоне, Харисон Форд и Дон Џонсон биле другите кандидати, но Брус Вилис, кој во тоа време бил познат само по неговите улоги во комедии, ја добил улогата на крајот.

2. Тони Старк од „Ајронмен“ (Iron Man)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Денес, не можеме да си го замислиме Тони Старк поинаку, бидејќи Роберт Дауни Јуниор ја има направено оваа улога легендарна. Но, приказната за филмот започнала во 1990-тите кога Универзал студио ги купило правата за да сними филм. Во 1997 година, Николас Кејџ бил заинтересиран за улогата, па дури и Том Круз сакал да го игра Тони и да го продуцира филмот. Меѓутоа, ништо не испаднало. Сценариото се сменило неколку пати пред да започне снимањето во 2006 година и и двајцата кандидати изгубиле интерес.

3. Нео од „Матрикс“ (The Matrix)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Режисерите најпрво сакале Вил Смит да глуми во овој легендарен филм, затоа што веќе бил добро познат по „Луѓе во црно“ (Men in Black), „Ден на независноста“ (Independence Day) и други. Но, актерот немал време. Тој исто така изјавил дека не бил доволно зрел за оваа улога. Ијан Мекгрегор, Леонардо ДиКаприо и Том Круз биле другите кандидати за оваа улога.

4. Џек Досон од „Титаник“ (Titanic)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон, го имал предвид Метју МекКонахи за овој филм. Но, глумецот не бил импресиониран од сценариото и одбил. Камерон му дал на МекКонахи втора шанса, но актерот не му ни одговорил на повикот. Па, така вториот кандидат, Леонардо ДиКаприо, направи легенда од овој херој. Инаку, Кристијан Бејл и Меколи Калкин исто така се обиделе да ја добијат оваа улога.

5. Бетмен од „Бетмен“ (Batman)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Сите знаеме дека Мајкл Китон го играше суперхеројот во филмот од 1989 година. Но, малкумина знаат дека Мел Гибсон имал поголеми шанси. Меѓутоа, Мел бил веќе зрел актер и имал можности да бира, па затоа мислел дека филмот нема да биде толку популарен. Сепак, филмот заработил 400 милиони долари. Други кандидати за улогата биле Чарли Шин, Пирс Броснан и Бил Мјуреј.

6. Џанго од „Џанго разузданиот“ (Django Unchained)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Пред Џејми Фокс да ја добие улогата, режисерите му ја понудиле на Вил Смит и тој ја прифатил понудата. Но, тој исто така побарал од нив да го поправат сценариото, бидејќи сметал дека на некои делови треба да им се даде поголемо значење. Сценаристите одбиле да направат промени. Идриз Елба, Крис Такер, Теренс Хауард, Мајкл Кенет Вилијамс и Тајриз Гибсон исто така се обиделе да ја добијат оваа улога.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар