10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња - Part 2

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

6. „Генерација ККК“ (Generation KKK)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

Изборите во САД во 2016-та година беа точка на пресврт за државата. Темите како расизам, сексизам и антисемитизам беа насекаде. Серијата била направена со цел да се прикаже омразената група од внатрешноста. Веднаш по најавата таа беше критикувана како промоција на Кју клукс кланот. Од телевизијата A&E изјавуваа дека целта е токму спротивното, но критиките не престанаа. На почетокот сакаа да го променат името, за на крај целосно да ја откажат серијата откако на виделина излезе информација дека членови од ККК биле платени за да учествуваат во неа.

7. „Кожи“ (Skins)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

„Кожи“ не е првата серија која прикажува тинејџери со лошо однесување, но понекогаш тие одеа предалеку. Британската серија чија премиера беше на телевизијата Е4 во 2007-ма година, ги прикажува животите на неколку тинејџери. Дел од серијата вклучува пиење, користење дрога и сексуална активност. Бидејќи таа е наменета за тинејџери, многумина сметаа дека го охрабрува лошото однесување. Сепак серијата се прославила толку многу што во Англија почнале да се организираат собири наречени „кожни забави“. Серијата предизвика вистинска лавина реакции со римејкот во САД во 2011-та година. Беше нарекувана „најопасната серија“ поради прикажувањето на секс и употреба на дрога. Исто така телевизијата била обвинета за малолетна порнографија бидејќи некои од актерите кои учествувале во секс сцените немале 18 години.

8. „Игра на тронови“ (Game of Thrones)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

„Игра на тронови“ успеа да стане најзборуваната серија на сите времиња. Ги сруши сите рекорди на ХБО и доби огромен број посветени фанови кои едвај ја чекаат новата сезона. Но, покрај неверојатните заплети и змејовите, серијата е критикувана поради приказот на сексуалното насилство. Во серијата 2 пати се силувани женски ликови, а кога фановите се побунија креаторите не обрнаа многу внимание. Вториот инцидент е со ликот Санса Старк која е тинејџерка и сцената која вознемири многумина. Некои дури изјавиле дека престанале да ја гледаат серијата по оваа епизода. Поради големиот број поплаки, креаторите одлучиле да намалат со насилството кон жените во идните сезони.

9. „Ајрон Фист“ (Iron Fist)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

Серијата инспирирана од светот на Марвел се соочи со контроверзија уште пред да ги добие лошите критики. Ситуацијата стана заплеткана кога Фин Џоунс беше одбран за улогата на Дени Ренд, кога многумина мислеа дека ова е одлична можност за азиско-американските актери да го добијат заслуженото место.

10. „100-те“ (The 100)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

Серијата не започна многу добро, но со текот на времето стана една од најдобрите научно фантастични серии што се емотуваат. Еден од најважните моменти беше кога во втората сезона се појавија ликови кои се дел од ЛГБТ. Но, работите тргнаа на лошо кога еден од овие ликови беше убиен со залутан куршум. Многу фанови престанаа да ја гледаат серијата по ова, а дебатата за смртта на ликот трае и до денес.

Погледнете и некои од сериите кои биле пред нивно време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар