10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

Уште откога постои телевизијата, постојат контроверзии за разни серии. Одвреме-навреме некои од најпопуларните серии прикажуваат навистина шокантни епизоди. Со текот на времето сексот, насилството и другите теми се менуваат со културните норми. Но, исто така постојат и теми кои секогаш ќе предизвикуваат контроверзија. Па погледнете кои серии спаѓаат во оваа група.

1. „Баквајлд“ (Buckwild)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

Телевизијата МТВ бележи голем успех со реалните шоуа. Во 2013-та година телевизијата го создаде реалното шоу „Баквајлд“ за група тинејџери од западна Вирџинија. Целта била да се нагласи руралниот живот – од борење во кал до ловење верверици. Шоуто уште веднаш се соочи со критики од луѓето кои сметаа дека прикажува стереотипи за тој реон. Покрај тоа, неколку членови од екипата имале проблеми со законот додека се емитувала првата сезона во февруари. Подоцна во март, друг член загинал трагично од труење со јаглероден моноксид. Опасното однесување на тинејџерите беше премногу за МТВ, па шоуто е откажано пред да заврши снимањето на втората сезона.

2. „Саут парк“ (South Park)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

Со своите 20 сезони, „Саут парк“ докажа дека не постои доволно контроверзна тема која не би ја обработиле. Од премиерата во 1997-ма година, серијата успеа да ги навреди сите. Додека фановите го ценат овој хумор, некои групи како Parents Television Council и Action for Children’s Television упорно се обидуваат да ја тргнат од етер. И покрај критиките, таа не ја губи својата популарност.

3. „Хајл драга, дома сум!“ (Heil Honey I’m Home!)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

Кога станува збор за лоши идеи, оваа серија го има првото место. Направена е како пародија на класичните ситком серии, а приказната се врти околу огорчениот Адолф Хитлер, неговата сопруга Ева Браун и нивните соседи Евреи. Серијата прв пат била емитувана во 1990-та година во Англија и предизвикала вистински скандал обидувајќи се да направи шега од еден од најзлобните луѓе на планетата. Креаторите упорно изјавувале дека целта била критика на тоа колку лесно Европејците го прифатиле Хитлер во 1930-тите. Била емитувана само една епизода пред таа да биде откажана.

4. „Во брак… со деца“ (Married… with Children)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

Нефункционалните семејства се честа тема во сериите, па „Во брак… со деца“ не била ништо револуционерно во 1986-та. Но со текот на годините серијата ја добила титулата контроверзна поради сексуалната содржина. По епизода во 1989-та година во која се појавиле скудно облечени жени и маж со женска облека, еден родител од Мичиген започнал бојкот против серијата. Од телевизијата Фокс одбиле да емитуваат епизода поради содржината, па фановите чекале со години да ја изгледаат. Серијата продолжи да биде хит и се емитуваше до 1997-ма година.

5. „Среќа“ (Luck)

10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

Кога станува збор за оригинална содржина, ХБО може да се пофали со многу. Но тие можеби направија грешка во 2012-та година со драмата за трки со коњи. Премиерата доби позитивни критики благодарение на приказната и актерската екипа која ја сочинуваат Дастин Хофман и Ентони Хопкинс. Целата прва сезона била емитувана, но проблемите започнале на почетокот на снимањето на втората сезона. Откако биле евтаназирани 2 коња на сетот, на виделина излезе дека не се почитуваат некои правила за грижа и заштита на животните. Ова ги разгневи активистите за правата на животните, па ХБО се откажа од серијата.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар