10-те најдобри психолошки трилери од 21-виот век

Бидејќи содржат комплексна структура, многу слоеви кои заемно соработуваат и ја рефлектираат човечката психа, филмовите се можеби најдобриот приказ на психолошките проблеми. Линеарните раскажувања и предвидливите дејства можат да станат здодевни за гледачите. Но, постојат неколку жанрови кои се издвојуваат од оваа монотоност и можат да понудат незаборавно искуство.

Еден жанр особено се истакнува во прикажувањето на психологијата и умот на човекот – психолошките трилери. На следнава листа ќе ги пронајдете најдобрите филмови од овој жанр кои нема да ве разочараат.

1. Островот Шатер (Shutter Island)

(1)10-te-najdobri-psiholoshki-trileri-od-21-viot-vek-kafepauza.mk

Кога излезе овој филм, во 2010 година, беше тема на разговор на многумина. Ова е одлично склопен трилер со психолошка длабочина, а во главната улога го гледаме Леонардо ди Каприо. Со цел да решат случај на исчезнување на пациент, Теди Даниелс и неговиот партнер пристигнуваат на островот Шатер каде што има болница за криминално болни луѓе. Во текот на потрагата, пациентите имаат големо влијание на Даниелс, и тој се соочува со работи закопани во неговата потсвест и со неговото минато. Овој филм е полн со симболични детали и метафори, па со само едно гледање може и да не го разберете целосно.

2. Машинистот (The Machinist)

(2)10-te-najdobri-psiholoshki-trileri-od-21-viot-vek-kafepauza.mk

Машинистот Тревор Резник, кој го игра Кристијан Бејл страда од несоница, анорексија и социјална изолација. По една несреќа во фабриката во која работи, неговиот живот почнува да се распаѓа, а тој треба да се соочи со ужасно сеќавање кое било закопано во неговата потсвест. Овој филм одлично го прикажува физичкото и психичкото „распаѓање“ на главниот лик. Глумата на Бејл е фантастична и му ја дава потребната длабочина на ликот. Машинистот ги содржи сите одлики на еден обичен трилер, но сепак ќе мислите на него со денови откако ќе го изгледате.

3. Девојката со тетоважа на змеј (The Girl With the Dragon Tattoo)

(3)10-te-najdobri-psiholoshki-trileri-od-21-viot-vek-kafepauza.mk

Скандинавските земји ни ги даваат најдобрите и најпотресните трилери, и во филмскиот, и во светот на литературата. Доколку сте запознаени со трилогијата „Милениум“ (Millennium) од Стиг Ларсон, тогаш знаете за која приказна станува збор. Иако има и американска верзија, ви препорачуваме да ја изгледате скандинавската. Во филмот, новинарот Микаел Блумквист му помага на еден богат бизнисмен да го реши случајот со мистериозното исчезнување на неговата внука. Додека трае потрагата, Микаел се соочува со сомнителното однесување на семејството на бизнисменот, и со чудната и љубопитна хакерка, Лизбет Саландер.

4. Ноќни животни (Nocturnal Animals)

NOCTURNAL ANIMALS

Ова е еден од најинтересните трилери од 2016-та година. Откако ќе добие застрашувачки запис од нејзиниот поранешен сопруг, Сузан бега од нејзиниот безљубовен брак и се вплеткува во злобната приказна. Таа се соочува со метафори за нејзиниот живот и се обидува да направи мост помеѓу нејзиното минато и сегашност. Овој филм најдобро го опишува жанрот психолошки трилер. Врската помеѓу главниот лик и нејзиниот поранешен сопруг е прикажана на многу метафоричен начин, а секој детаљ е како алегорија. Ноќни животни е доказ за влијанието на Дејвид Линч на модерните трилери.

5. Црн лебед (Black Swan)

(5)10-te-najdobri-psiholoshki-trileri-od-21-viot-vek-kafepauza.mk

Ова е приказна за балерината Нина Сајерс која се бори за главната улога во новата адаптација на „Лебедово езеро“ од Чајковски, двојна улога која има црн и бел лебед. Охрабрена од нејзината мајка, Нина го дава најдоброто од себе во балетот. Но, постепено почнува да се соочува со нејзиниот ментално болен ум кој се движи помеѓу двете улоги. Ова е можеби најдобриот приказ на лик кој е под ментален притисок. Опсесијата кон балетот се претвора во самоуништувачка сила која го загрозува нејзиното физичко и ментално здравје.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент на Машински кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар