10 прекрасни филмови на кои плачат и мажите - Part 2

10 прекрасни филмови на кои плачат и мажите

6. Рори Ошеа беше овде (Rory O’Shea Was Here)

(6)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

Светот на Мајкл, кој страда од церебрална парализа, целосно се превртува кога нов пациент, Рори, пристига во домот. Рори е во инвалидска количка поради атрофија на мускулите. Тој не само што не се жали за неговата состојба, туку го живее својот живот најдобро што може. Пренесувајќи му го овој став на Мајкл, тој му покажува нови можности за среќа.

7. Животот е убав (La vita è bella)

(7)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

За време на Втората светска воја, Гвидо и неговиот мал син се затворени во камп за Евреи. Мажот, сакајќи да го спаси животот на својот син, му кажува дека сѐ што се случува е игра, а главната награда е вистински тенк. За да „победи“, тој не треба да дозволи да биде забележан од стражарите. Момчето верува во оваа приказна и почнува активно да се крие за да преживее. Прекрасен филм кој покажува љубов и добрина и кој ве тера и да се смеете и да плачете.

8. Седум животи (Seven Pounds)

(8)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

Бен Томас не може да ја заборави сообраќајката во која загинуваат 7 луѓе, вклучувајќи ја и неговата свршеница, поради негово невнимание. Прогонуван од неговата вина, тој наоѓа начин да ја поправи грешката од минатото. Жртвувајќи ги своите органи, тој им помага на луѓето да преживеат и надоместува за изгубените животи во несреќата. Никој не може да се воздржи од плачење додека ја гледа менталната тортура на главниот лик.

9. Девојка од милион долари (Million Dollar Baby)

(9)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

Меги сонува за кариера во боксирањето. Френки Дун е тренер кој е изморен од животот и не е многу воодушевен за тренирањето на новата девојка. Сепак, кога ја гледа нејзината желба да стане шампион, тој се согласува да ја тренира. Овој филм е за внатрешната борба и за исполнување на многу посакуваната желба.

10. Гладијатор (Gladiator)

(10)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

Големиот воин Максимус требало да стане наследник на Римската Империја. Кога го дознал ова, синот на императорот го осудил на смрт. Чудесно избегнувајќи ја смртта, Максимус станува гладијатор. Тој повторно се соочува со неговиот непријател, но овој пат во гладијаторската арена. Изведбата на Расел Кроу ги освои срцата на гледачите уште од првата минута на филмот.

Погледнете и некои од најдобрите европски филмови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар