10 филмови чие вистинско значење (најверојатно) не сте го сфатиле

10 филмови чие вистинско значење (најверојатно) не сте го сфатиле

Одвреме-навреме фановите на филмови не можат да разберат зошто некој обичен филм им оставил таков силен впечаток. Причината за ова е тоа што добро направените филмови многу често имаат филозофска основа која има ефект на вашата потсвест. Но овој ефект не можете да го забележите без анализирање. Погледнете ги 10-те познати филмови кои имаат некое скриено значење.

1. Лудиот Макс: Пат на бесот (Mad Max: Fury Road)

(1)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

Луѓето често не го бараат подлабокото значење во акционите филмови. Но од психолошка гледна точка, сите ликови во Лудиот Макс се рефлексија на разните делови од нашите особини. Нивното бегање ги претставува нашите стравови, зелената Земја нашите соништа, а нивното патување е трансформацијата на нашата личност. Токму поради ова овој филм може да ве обнови и да ве ослободи од скриените емоционални стапици.

2. Шиндлеровата листа (Schindler’s List)

(2)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

Малото девојче со црвениот фустан кое го гледаме во Шиндлеровата листа е рефлексија на основната идеја зад филмот. Самиот Стивен Спилберг изјавил:

„Во САД, Англија и Советскиот сојуз, луѓето знаеја за холокаустот. Но никој не направи ништо. Не преземавме ништо за да го сопреме овој безмилосен марш на смртта. Ова било огромна катастрофа која сите ја видоа, но никој не направил ништо за неа.“

3. Интерстелар (Interstellar)

(3)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

Внимателните гледачи можеби забележале дека во филмот има две главни бои. Светло сина (симбол за вечноста и небото) и боја на песок (симбол за Земјата и времето). Ликовите го променуваат нивниот изглед во зависност од тоа кој симбол го претставуваат. Филмот е создаден околу митолошка структура – сон за рај, борбата на обичните луѓе со хаосот и спасување. Но и покрај оваа епска митологија, ликовите кои ги гледаме се обични луѓе, а ова ви остава силен впечаток.

4. Островот Шатер (Shutter Island)

(4)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

Од самиот почеток на филмот, режисерот ни дава до знаење дека главниот лик е пациент во менталната установа. Забележете ги ограничувањата во собата на детективот, лицата на полицајците, недостатокот од сериозност на медицинските сестри, несмасноста на госпоѓица Кернс. На крајот главниот лик ја сфаќа вистината, но бидејќи не може да ја поднесе болката се согласува за лоботомија.

5. Господин Никој (Mr. Nobody)

(5)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

„Сè не Земјата може да биде различно, но сепак ќе го има истото значење“

Ова го кажува Немо бидејќи суштината на секое нешто останува иста без разлика колку тоа нешто се менува. Немо е уникатна личност која се концентрира до степен на неповрат и ги гледа сите можни исходи од промените. Откако сфаќа дека сите верзии на животот со мајка му се опкружени со емоции, а сите верзии на животот со татко му се засновани на причина, тој се одлучува за трет избор – индивидуален. Ова е симбол за индивидуалното созревање.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. dosnt mater Reply

    kompletno pogreshni percepci, pogreshno e i so se prezentirani kako informaci iako sosema nekorekni. 🙁

Остави коментар