Eucerin Volume-Filler – За младешки изглед и по 40-тата годинаНапредна генерација на креми за лице, со особено ефикасни состојки кои го забавуваат процесот на стареење на кожата

По 40-тата година способноста на клетките на кожата за регенерација значително се намалува и кај повеќето од жените се забележуваат првите посериозни знаци на стареење, како опуштена кожа, брчки, намалена еластичност, загуба на волуменот и контурите. Работните и семејните обврски, грижата за децата, стресното секојдневие, влијаат со текот на годините да имаме се помалку време за себе. Притоа најчесто забораваме на негата на сопственото лице. Од друга страна пак надворешните фактори како диети, неправилна и нередовна исхрана, стрес, надворешни загадувања и штетното влијание на сонцето се немилосрдни и негативно влијаат на квалитетот на нашата кожа, на која и е потребна дополнителна нега.

Поттикнати од овие потреби на жените, особено на оние над 40-тата година, а како резултат на неколку годишни истражувања, иновативните научници и дерматолози од Баерсдорф ја создадоа Eucerin Volume-Filler колекцијата – напредна генерација на креми за лице, со особено ефикасни состојки кои го забавуваат процесот на стареењето на кожата.

Eucerin Volume-Filler содржи три состојки кои делуваат ефикасно против факторите кои причинуваат кожата да ја губи својата еластичност, форма и волумен. Делува на сите слоеви на кожата, регенерира, правејќи ја кожата мека и еластична. Високо ефикасната состојка Магнолол го зголемува волуменот на кожата, хијалуронската киселина ефикасно ги полни брчките однатре кон надвор, додека олигопептидите ја стимулираат синтезата на колаген. Содржи и СПФ 15 заштитен фактор и УВА филтер кој штити од штетните сончеви зраци.Eucerin Volume-Filler – За младешки изглед и по 40-тата годинаПроизводите се без парабени и додатоци за боја, со напреден заштитен систем што ги прави едноставни за користење и истовремено особено ефикасни. Клиничките тестирања докажаа дека кожата одлично ги поднесува. Новата линија се состои од дневен крем за сува кожа и дневен крем за нормална и комбинирана кожа, ноќен крем за сите типови кожа и крем за околу очите, обезбедувајќи и на кожата потполна нега и заштита во текот на целиот ден.