Од лабораториите на германскиот бренд за медицинска козметика Еуцерин, оваа есен ни пристигнува иновација во полето на борбата против стареењето на кожата – Eucerin Volume-Filler колекцијата за нега на лицето.Eucerin Volume-Filler – револуционери креми во борбата против стареењето на кожатаНа свечената промоција на новата колекција во скопскиот хотел Стоун Бриџ, д-р Соња Петрушеска, специјалист – дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин одржа едукативно предавање на тема стареење на кожата, превентивата и нашиот одговор на тој процес, како и новите тенденции во грижата за возрасна кожа.

„Со текот на времето, под влијание на различни надворешни и внатрешни фактори, кожата ја губи својата еластичност и волумен, па со самото тоа и контурите на лицето стануваат помалку видливи. Видливи знаци на стареењето се брчките, но друг важен аспект во целиот процес на стареењето на кожата е и загубата на волуменот на кожата. Опуштени веѓи, бледи образи, поместување на усните надолу, помалку изразени контури на лицето се само некои од знаците за загуба на волуменот, а искуствата покажуваат дека ниеден третман против овој дерматолошки проблем не даде задоволителни резултати. Водејќи се од потребите на современите потрошувачи, по обемни шестгодишни истражувања и 22 студии, тимот експерти од Еуцерин ја создадоа Eucerin Volume-Filler колекцијата – напредна генерација на креми за лице, со особено ефикасни состојки кои го забавуваат процесот на стареењето на кожата“ – изјави д-р Соња Петрушеска.

Eucerin Volume-Filler – револуционери креми во борбата против стареењето на кожатаEucerin Volume-Filler содржи три состојки кои делуваат ефикасно против факторите кои причинуваат кожата да ја губи својата еластичност, форма и волумен. Делува на сите слоеви на кожата, регенерира, правејќи ја кожата мека и еластична. Високо ефикасната состојка Магнолол го зголемува волуменот на кожата, хијалуронската киселина ефикасно ги полни брчките одвнатре кон надвор, додека олигопептидите ја стимулираат синтезата на колаген. Содржи и СПФ 15 заштитен фактор и УВА филтер кој штити од штетните сончеви зраци. Производите се без парабени и додатоци за боја, со напреден заштитен систем што ги прави едноставни за користење и истовремено особено ефикасни. Клиничките тестирања докажаа дека кожата одлично ги поднесува. Eucerin Volume-Filler – револуционери креми во борбата против стареењето на кожатаНовата линија се состои од дневен крем за сува кожа и дневен крем за нормална и комбинирана кожа, ноќен крем за сите типови кожа и крем за околу очите, обезбедувајќи ѝ на кожата потполна нега и заштита во текот на целиот ден.Eucerin Volume-Filler – револуционери креми во борбата против стареењето на кожата