„е-Бонтон“ – да научиме да се однесуваме на интернет | Кафе пауза

„е-Бонтон“ е веб-сајт кој им овозможува на корисниците да поставуваат правила за добро однесување и пристојно комуницирање на интернет. Секој може да се поврзе со својата корисничка сметка на Фејсбук или пак да се регистрира како нов корисник на сајтот и да објави правило кое смета дека е важно во комуникацијата на интернет. „е-Бонтон“ – да научиме да се однесуваме на интернетПредложувањето правила ќе трае до средината на јануари, а потоа стручно жири ќе ги одбере најважните 100 кои ќе се издадат како збирка правила за етичко однесување на интернет во вид на прирачник.

Проектот „е-Бонтон“ на фондацијата е-Македонија е поттикнат од новите трендови во современата комуникација, кога и приватно и професионално, голем број луѓе поминуваат голем дел од денот на интернет. Од стискање едно „like“ и разменување јавни пораки, па сè до праќање имејл до шефот, во интеракциите кои ги остваруваме со другите луѓе на интернет мора да постојат одредени правила кои треба да ги почитуваме. Овие правила се важни за сликата која ја оставаме за себе, но и заради тоа што со нашето однесување може да ги навредиме или сериозно да им наштетиме на другите луѓе, со намера или без.

Еве дел од пораките кои ги споделуваат регистрираните корисници на „е-Бонтон“:

„Пред да напишеш нешто размисли… Ако си јавна личност размисли трипати!“

„Не бриши пријатели во лутина.“

„Не употребувај го ѕидот за приватни разговори. Затоа постојат приватни пораки.“

Оставете ја вашата порака. Кое е според вас најважното правило за комуникација на интернет кое секој треба да го знае?

Следете го „е-Бонтон“ и на Фејсбук.„е-Бонтон“ – да научиме да се однесуваме на интернет