Добиј книга на „BOOKing Party“ и читај секаде | Кафе пауза



Во аргентинскиот град Буенос Аирес има 25-метарска Вавилонска кула од 30 илјади книги. Пред кулата „Torre de Babel de Libros“ илјадници туристи секојдневно се одмараат на скалите и клупите и уживаат во пријатната атмосфера и убавините на градот. Добиј книга на „BOOKing Party“ и читај секадеУште пред петнаесетина години во шпанскиот град Мадрид била покрената кампања за популаризација на читањето книги во јавност. Во метроата, трамваите и во автобусите, наместо реклами за разни комерцијални производи, биле поставени извадоци од најзначајните книжевни дела. Добиј книга на „BOOKing Party“ и читај секадеДобиј книга на „BOOKing Party“ и читај секадеЧитањето на јавни локации е вообичаена глетка во сите поголеми европски градови, но не и во Скопје. Затоа, студентите на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ја реализираат кампањата „Читај секаде“, што го промовира читањето на различни места во градот.
.

„Најдете го вашето катче во градот каде што во пријатна атмосфера ќе може да читате книга. Тоа можат да бидат плоштадите, парковите, кејот, културно-историските споменици, кафулињата… Во сите големи метрополи читањето на различни локации е навика, култура и тренд на урбаното живеење. Таков дух треба да му дадеме и на нашиот град“, вели координаторот на проектот Александар Стамболиев.

Главниот настан на кампањата, „BOOKing Party“ ќе се одржи во сабота во 13 часот на улицата „Македонија“. На настанот ќе се подарат 500 книги, а забавата ќе ја водат диџеј Ана Мало и радио водителите Викса и Марга.