Буквите доаѓаат во Скопје! | Кафе пауза

Утре во Скопје пристигнува Братислав Миленковиќ од Белград, кој со себе ја носи изложбата на илустрирани кирилични букви т.н. „Slova 01“.Буквите доаѓаат во Скопје!Братислав доаѓа по повод отворањето на Concept 37, простор кој ќе има за цел да ги собере креативците од областите на арт и дизајн, мода, музика, книги, адвертајзинг, архитектура итн.

Инаку Братислав е добро познат меѓу македонските илустратори и дизајнери како член на студиото Lorem Ipsum. Тој моментално работи како freelance илустратор и дизајнер за многу познати магазини меѓу кои Wired magazine, The New York Times, Financial Times, Computer Arts magazine, Cap&Design и многу други.

Непосредно пред отворањето на изложбата, Братислав ќе одржи и мала презентација на своите проекти, како и кратко предавање на тема илустрација.Буквите доаѓаат во Скопје!Повеќе инфо за Братислав Миленковиќ ќе најдете на неговиот сајт.

  • 19.00 ч. – Почеток на презентацијата на Братислав + кратко предавање за илустрација
  • 21.00 ч. – Почеток на изложбата на илустрирани кирилични букви „Slova 01“

Настанот ќе се одржи во Concept 37 кој се наоѓа на Рузвелтова 37.
Дознајте каде е Concept 37.