Зошто Раковите се најдобриот избор доколку сакате семејство исполнето со љубов?

Ракот е знакот на семејството и децата, владетелот на срцето и сите оние нешта што се важни, па затоа и мора да го сфаќате сериозно. Додека нивните пријатели се впуштаат во љубовни авантури или го нарачуваат првиот легален коктел, тие се презафатени со бирање имиња за нивните идни деца и ментално им ги уредуваат детските соби.

Зошто Раковите се најдобриот избор доколку сакате семејство исполнето со љубов?

Овие личности имаат мал круг пријатели и најчесто ја наоѓаат сродната душа меѓу нив. Бидејќи им веруваат само на најблиските, тие можат да им послужат и како сервис за романтични препораки. Раковите се домашари во срцето, па затоа и сакаат да ги минуваат вечерите на каучот, во прегратката на љубените – а ако веќе излегуваат, тоа мора да биде кралски! Тие се претвораат во вистински принцови или принцези.

Раковите имаат висока интуиција, но расположението лесно им се менува, па партнерот мора да знае како да им ги цени емоциите. Исто така, и покрај тоа што лесно можат да почувствуваат привлекување од спротивниот пол, заљубувањето е нешто сериозно за нив и не се впуштаат во него така лесно. Нивната чувствителна природа прави да им биде непријатно да се отворат, па како резултат, потребно им е многу време да се препуштат целосно во врската. Но откако ќе го сторат тоа, сметаат дека е за долго.

Нивната чувствителна, а понекогаш и несигурната страна, бараат голема стабилност и често убедување од партнерот дека се сакани, што е една од најголемите причини зошто се привлечени од самоуверени и успешни личности. Раковите можат да бидат мамини или татини ќерки и синови, па затоа и од партнерот бараат нега и личност на која можат да ѝ веруваат и со кои набрзо би можеле да изградат гнездо.

Бидејќи се многу блиски со семејството, нивниот партнер МОРА да се согласува со сите членови бидејќи во спротивно врската не би успеала. Тие живеат за топлите собири на повеќе генерации за време на празниците, славите и родендените. Исто така уживаат и во семејните одмори. Партнерот што сака деца и семејство е нивниот совршен пар!

Раковите бараат партнер што е истовремено и цврст и нежен, но и лојален и сочувствителен. Тие се тргаат настрана од „играчите“ бидејќи ако не почувствуваат близина и сигурност уште на првата средба, едноставно се повлекуваат. Ним не им треба авантура, тие копнеат за вистинска и долготрајна љубов па затоа и лесно можат да идентификуваат ваква личност уште во првиот момент штом ја здогледаат.

Прочитајте и што треба да знаете пред да започнете љубовна врска со Рак…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар