Значењето на планетата Јупитер во наталната карта

Се вели дека планетата Јупитер ги претставува сите убави и благородни нешта во нечиј живот. Во астрологијата, тоа е планетата на изобилието. Јупитер со себе носи знаење, благодарност, надеж, чест, мудрост, филозофија, среќа, оптимизам.

Во хороскопот владее со знакот стрелец и во наталната карта ни открива како ја изразуваме нашата дарежливост и толеранција. Ни покажува како им веруваме на другите луѓе и каде ја наоѓаме својата мудрост и разбирање. За да го дознаете ова, најпрвин дознајте ја положбата на Јупитер во наталнатата карта, а потоа прочитајте ги карактеристиките кои вам ви одговараат.Значењето на планетата Јупитер во наталната картаЈупитер во 1 куќа: Весели, љубезни и полни со оптимизам и самодоверба. Веруваат во моќта на позитивното мислење. Се водат според строги принципи и поседуваат високи морални вредности.

Јупитер во 2 куќа: Навистина снаодливи личности. Имаат среќа со парите и останатите материјални добра. Ги сакаат задоволствата на животот и нивното високо мислење за себе честопати им носи успех.

Јупитер во 3 куќа: Визионери. Бескрајно љубопитни луѓе кои уживаат во остварувањето на нови контакти и во споделувањето идеи со останатите. Можат да ја видат големата слика и токму затоа многумина им се обраќаат за совет.

Јупитер во 4 куќа: Овие луѓе имаат силна интуиција, особено на професионално ниво. Веднаш се зближуваат со останатите, но имаат и силна почит за семејството и најблиските. За нив среќата е во нивниот дом.

Јупитер во 5 куќа: Дарежливи, топли, разиграни, особено  во емотивниот живот. Уживаат во сите креативни зафати, во забавата, децата и рекреацијата. Би биле идеални учители, полни со трпение и љубов.

Јупитер во 6 куќа: Имаат високи стандарди и сметаат дека останатите треба секогаш да бидат третирани со почит и разбирање. Постојано им помагаат на помалку среќните од нив. Најголемо задоволство им претставува работата и односите со луѓето.

Јупитер во 7 куќа: Негувањето на партнерствата е многу важно за нив. Ги бидува за преговарање и посредување во конфликти. Ги вреднуваат луѓето и врските. Понекогаш го користат шармот за полесно да дојдат до саканата цел.

Јупитер во 8 куќа: Овие луѓе се способни да допрат до с’ржта на проблемот и интуитивно да знаат каде лежи одговорот. Многу сакаат да разрешуваат мистерии и да решаваат сложени загатки. За нив не постојат табу-теми.

Јупитер во 9 куќа: Секогаш гладни за знаење и мудрост. Природни филозофи кои уживаат да ги споделуваат своите мислења. Ја ценат слободата на изразување. Успехот доаѓа од патувања, образование, учење.

Јупитер во 10 куќа: Среќни луѓе кога станува збор за кариерата. Природно за нив е да се издвојуваат од останатите. Етични, зрели и снаодливи. Ги ценат своите достигнувања и преземаат контрола врз својот живот.

Јупитер во 11 куќа: Социјалниот живот им значи многу и уживаат во дружба со пријателите. Најмногу успеваат како членови на некој тим или организација. Имаат влијателни познаници кои можат да им помогнат. Ги ценат луѓето и личната слобода.

Јупитер во 12 куќа: Оваа положба на Јупитер го означува ангелот чувар во астрологијата. Ова се луѓе со вродена верба во силите на Универзумот. Најпријатно се чувствуваат кога се сами. Дарежливи се и љубезни.

Тоа беа некои од значењата на Јупитер, погледнати низ неговата положба во дванаесетте куќи на Зодијакот. Се надеваме дека се пронајдовте и дека уживавте во читањето.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар