Животното мото на хороскопските знаци

Сите тежнееме кон одредени основни човечки вредности, но секој хороскопски знак има одредени кои му се најважни, додека други пак воопшто не му се важни. Со помош на овој кус астро-водич дознајте зошто нечии туѓи постапки можат тотално да ве извадат од такт, иако за други луѓе тие не претставуваат ништо лошо.

Животното мото на хороскопските знаци

Овен

Најважно му е секој да биде она што е и мрази преправање

Овните многу ја ценат индивидуалноста, независноста и потребата да бидат тоа што се. Нив ниту партнерот ниту шефот би требало да им кажува како нешто треба да прават и како да се однесуваат во одредени ситуации. Тие се најнезадоволни кога треба да се вклопат во некои одредени норми. Сакаат луѓето да ги сакаат такви какви што се и не се желни за компромис.

Мото на Овенот: Да се биде

Бик

Најважно му е да го задржи она што му припаѓа

Биковите напорно ја работат секоја работа која ќе ја прифатат. Кога нешто ќе постигнат и ќе си ги остварат целите, тоа не сакаат со никого да го делат. Најважно им е правото на поседување. Тие се практичен и приземен знак, заради тоа Биковите се одлични работници. Не се алчни. Ако се борат за своите права, се борат и за правата на нивните колеги, но кога еднаш ќе стекнат нешто во материјална смисла, сметаат дека имаат целосно и исклучиво право на тоа. Од своите работи никогаш не се одрекуваат, за ниедна цел, па дури ни во име на љубовта.

Мото на Бикот: Да се има

Близнаци

Најважна им е слободата на мислење

Нивниот брилијантен ум им е пасош за светот. Во своите мисли тие можат да отидат каде ќе посакаат, но тие сакаат да се движат со своја брзина и интензитет. Идеите им се волшебни. Но, ако некој им каже дека премногу размислуваат, дека треба да бидат попрактични или дека погрешно гледаат на некои работи, тие ќе бидат смртно навредени.

Мото на Близнаците: Да се мисли

Рак

Најважно му е да ужива во своите чувства

Раковите се забавни однадвор, но нежни однатре. Нивните чувства се нивна приватна работа  и ретко нешто ќе ви признаат или ќе разговараат за нив. Но, во секој случај тие се интензивни. Најубаво им е кога можат потполно да уживаат во своите чувства.

Мото на Ракот: Да се чувствува

Лав

Најважна му е можноста да се покаже како најдобар

Лавовите се најубави, најхрабри и најснажни суштества на земјата. Но, мораат да имаат можност тоа да им го покажат на другите. Многу им е важно никој да не им го одзема луксузот. Секогаш мора да бидат во центарот на вниманието, а најчесто би се „бореле“ кога некој ќе им го одземе правото да се покажуваат.

Мото на Лавот: Да се посакува

Девица

Најважно ѝ е донесувањето на одлуките

Девиците се аналитичари во соларниот систем. Способни се да ги забележат и најситните детали, затоа им е многу важно баш ним да им се даде правото да ја донесат конечната одлука. Се борат за слобода на мислењето, но најважно им е да соберат многу податоци од различни извори.

Мото на Девицата: Да се анализира

Вага

Најважно ѝ да им угоди на другите и на себеси

Рамнотежата на идеите е за нив идеална состојба. На Вагите им е нужно да им се даде правото тие да одлучат што е најдобро. Но, никогаш не претеруваат во тоа. Колку се борат за себе, толку се борат и за другите. Секое поле од животот им е важно – работата, кариерата, семејството.

Мото на Вагата: Да се постигне рамнотежа

Скорпија

Најважно ѝ е да го добие она што го сака и тогаш кога го сака

Скорпиите се најиздржливиот знак во зодијакот. Тие точно знаат што сакаат и можат да поднесат многу со цел тоа и да го добијат. Тие веруваат како го заслужуваат баш тоа и ако го немаат, не можат да бидат потполно среќни.

Мото на Скорпијата: Да се заслужи

Стрелец

Најважно му е да ја истражи и види целата слика

Стрелците се обично и спонтано и го прават она што го сакаат. Нив многу им е важно да се забавуваат. Не сакаат сериозни теми и во секоја ситуација се обидуваат да внесат хумор. Сепак, способни се да видат подалеку од другите.

Мото на Стрелецот: Да се види

Јарец

Најважно му е да може да направи нешто од она што му е достапно

Тие имаат моќ да ја видат поентата на сè околу себе и знаат како да го искористат тоа. Важно им е да можат да веруваат во она што одлучиле да веруваат. Не им е секогаш лесно, но никогаш не се предаваат.

Мото на Јарецот: Да се подобрува

Водолија

Најважна ѝ е слободата, за сè

Тие се оригинални и прагматични хуманитарци. Често знаат да шокираат, но и да инспирираат, да поучуваат, да научат, да објаснат и да сфатат. Се борат за сите видови слобода и никогаш никого не осудуваат.

Мото на Водолијата: Да се знае

Риби

Најважно им е правото да ги следат своите соништа

Рибите многу ја ценат и бараат слободата на мислење и зборување. Визионери се и многу им е важно да можат да го следат она во што веруваат. Одземете им ја вербата и тоа е како рибите да сте ги ставиле на суво. Рибите сакаат да веруваат дека сите се на истата страна.

Мото на Рибите: Да се верува
За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар