Жената родена во овој хороскопски знак има една единствена мисија во животот: Да биде херој!

Посветена, снаодлива, духовита, внимателна, практична, скромна и прецизна. Тоа се главните карактеристики што ја одликуваат жената родена во овој хороскопски знак. Нејзината мисија во животот е да биде херој и да предизвикува восхит кај луѓето со нејзиното знаење и интелигенција.

Жената родена во овој хороскопски знак има една единствена мисија во животот: Да биде херој!

Можете да погодите за кого станува збор? Секако дека се работи за Девицата. Девицата е земјен знак, а поради тоа секогаш стои цврсто на земјата, не лета во облаците и размислува реално. Големо внимание обрнува на деталите и буквално мисли на сѐ. Таа е лојален пријател на кого секогаш можете да сметате. Обожава планирани рутини. Слободното време сака да го поминува во долги прошетки во природа. Никогаш не доцни, а доколку ви делува ладна и отсутна, знајте дека таа е само срамежлива и неодлучна.

Љубов

Кога ќе се заљуби, Девицата е целосно посветена на врската. Има цврсти критериуми од кои не отстапува и затоа попрво би останала сама отколку да биде со погрешниот човек. Таа не го тражи вистинскиот, туку совршениот. Тука не се мисли на партнер без никакви мани и недостатоци, Девицата многу добро е свесна дека таков човек не постои. Таа само бара некого со кого совршено ќе се согласува. Деталите ѝ се многу важни, па од нејзиниот партнер ќе очекува мали романтични гестови како што се цвеќиња, слатки пораки и ситни подароци. Девицата е скромна и конзервативна во многу животни области и затоа таа сака партнерот да презема иницијатива. Многу е строга кон себеси и токму поради тоа ѝ треба партнер кој ќе ја поддржи и разбере. Најдобро се согласува со Скорпиите, Близнаците, Раковите, Биковите и Јарците.

Пријателство

Девицата е секогаш тука да помогне. Таа ќе биде присутна на секој важен настан во животот на нејзините пријатели. Освен тоа, никогаш не ги заборава родендените на луѓето кои ѝ значат. Благодарение на нејзината критичка и практична природа, секогаш знае да даде одличен совет, но само кога некој ќе го побара тоа од неа, бидејќи не сака своеволно да се плетка во туѓите проблеми. Доколку сакате да ѝ се заблагодарите поради нешто, бидете дискретни. Девиците се големи скептици кога станува збор за големи гестови и гласно покажување емоции. Повеќе ги ценат тивките и едноставните искажувања на благодарност.

Жената родена во овој хороскопски знак има една единствена мисија во животот: Да биде херој!

Надворешен изглед

Девиците се многу младолики. Имаат овално лице, остар поглед кој постојано набљудува и анализира, долг нос, широка насмевка, витка линија, широки рамена и мали стапала. Косата им е обично кафеава, а очите сиви или со боја на лешник. Нивниот надворешен изглед е многу впечатлив и добро знаат да го искористат тоа. Најголеми физички адути им се рамниот стомак и тенкиот струк.

Стил

Префинетите и безвременски парчиња облека се дел од секоја модна комбинација на Девицата. Обожава облека која е соодветна за секоја пригода, односно таква што ќе ѝ овозможи од работа да отиде на ручек, вечера или вечерно излегување. Никогаш не излегува од дома без да стави дезодоранс, бидејќи овој знак сака секогаш да мириса убаво и свежо. Дискретната Девица не сака да открива колку време троши на нејзиниот изглед и колку навистина се грижи за себе. Најомилени ѝ се земјените бои како што се сивата, жолто-кафеавата и морнарската сина. Нејзината гардероба изобилува со практични и елегантни парчиња облека. Не сака екстремни работи, туку кај неа сѐ е практично, суптилно и повеќенаменско. Редовно користи накит за да го надополни изгледот и да му даде свој оригинален печат. Перфекционистичката природа на Девицата посебно доаѓа до израз во шопингот. Таа внимателно проверува дали сѐ е во ред со производот што ѝ се допаѓа, а добро познато е дека на нејзиното око соколово ништо не може да му побегне. Не е ништо чудно доколку ја забележите Девицата во одделот за здрава храна, бидејќи таа внимава на нејзината исхрана и витка линија.

Не е никакво изненадување тоа што многумина ја сметаат Девицата за сестрана личност која никого не може да остави рамнодушен.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар