Запознајте го бикот одблизу

Запознајте го бикот одблизу

Општи карактеристики

Бикот е фиксен знак и како резултат на тоа, неговите претставници во животот се водат според практичноста. Биковите се најчесто стабилни личности, кои секогаш се трудат да останат во допир со реалноста. И покрај нивната тенденција кон тврдоглаво однесување, овие луѓе знаат да бидат лојални, нежни и посветени љубовни партнери.

Бикот е првиот од земјените знаци, па токму тој е и најприземен во однос на другите два. Овие луѓе го ценат сето она кое можат да го почувствуваат со нивните сетила. Поради тоа, тие обожаваат да јадат вкусна храна, да слушаат добра музика, да помирисуваат убави парфеми и на себе да облекуваат облека од скапи ткаенини. Венера, планетата на љубовта, која управува со бикот, му дава една сензуална и природна убавина.

Карактеристики на машките бикови

Машките претставници на овој хороскопски знак не се лишени од физичката убавина. Дури и да не е толку згоден, ќе има една груба убавина и неправилни црти кои одлично ќе се вклопуваат на неговото лице. Најчесто овие мажи имаат цврсти коски и се убаво градени. Исто така, својствено за машките бикови е да располагаат со внатрешен мир и стабилност. Тие се лојални и заштитнички настроени кон оние кои им значат во животот. Овие личности се премногу паметни за да си дозволат да се заљубат на прв поглед, како резултат на два-три романтични геста од некој од спротивниот пол. Тие немаат поетска душа, но во себе носат голем романтичен потенцијал, кој треба да знаете како да му го разбудите.

Запознајте го бикот одблизу

Карактеристики на женските бикови

Женските претставнички на знакот бик, се предводени од нивната внатрешна сила. Тие се способни и трудољубиви индивидуалисти, на кои им се случува брзо да го изгубат трпението, па поради тоа се маркирани како избувливи жени. Тие се стабилни, лекомислени љубовни партнерки, кои обично ја преземаат споредната улога во врската, а главната му ја препуштаат на нивниот партнер.

Запознајте го бикот одблизу

Ја обожава музиката и сака да танцува

Луѓето со хороскопски знак бик најчесто имаат одлични вокални способности или одличен слух. Тие имаат голема наклонетост кон музиката, така што не е невообичаено да видите некој бик да ужива во слушање и создавање музика. Овој знак исто така, многу сака да танцува, но повеќето бикови се срамежливи за да отидат да поиграат на подиумот. Покрај музиката, бикот може да го интересираат и други видови уметност, благодарение на неговата артистичка природа и љубов кон естетиката.

Запознајте го бикот одблизу

Тврдоглавоста на бикот

Бикот знае да биде многу своеглав и инаетлив. Може да поминат месеци, па дури и години додека тој го промени мислењето по некое прашање, кое еднаш го оформил. Промените не се лесна работа за луѓето со овој хороскопски знак. Поточно кажано, тие ги презираат промените во животот од каков било вид.

Запознајте го бикот одблизу

Пронаоѓа задоволство во материјалниот свет

Бидејќи бикот  чувствува со сите свои сетила, не е невообичаено за припадниците на овој знак да инвестираат во разни модни додатоци и други статусни симболи, како на пример скап пар очила за сонце.

Запознајте го бикот одблизу

Бикот во љубовните врски

Природната убавина на бикот вистински блеска кога тој е заљубен. Тој е многу искрен, лојален и предан партнер, кој обожава да се гушка и да се бакнува со својот љубен/а. Бикот сака да разменува допири и чувства со својот партнер, па што повеќе е присутен физичкиот контакт во неговата врска, толку подобро за неа. Претставниците на овој знак се фокусирани на нивната љубовна врска и тие воопшто не се плашат да се „врзат“. Всушност, тие најбезбедно се чувствуваат во длабока и сериозна врска.

Запознајте го бикот одблизу

Кога еднаш ќе се зближат со нивниот партнер, на биковите им е многу тешко да се разделат од него. Раскинувањата можат буквално да го растројат бикот. Ним им е многу тешко да иницираат прекин на врската. Тие се стабилни индивидуи и токму таа нивна потреба за стабилност го попречува нивниот капацитет за критичко размислување. Биковите може да имаат тешкотија да ги изолираат негативните особини на нивниот љубовен партнер и да забележат дека нивната врска едноставно не функционира.

Запознајте го бикот одблизу

Голем естетичар

Профилот на биковите не би бил комплетен доколку не се спомне нивната привлечност кон убави работи. И машките и женските претставници на овој знак ги привлекуваат убави луѓе и убави опкружувања. Физичката привлечност игра голема улога кај овој знак, пред да стапат во љубовна врска со некоја личност.

Секогаш ја завршува започната работа

И покрај тоа што има разлика во карактерните особини од еден до друг бик, една е дефинитивно заедничка за сите – тие знаат како да ја завршат започнатата работа. Овие луѓе не се многу брзи додека работат, но тие со сигурност ќе ја завршат квалитетно, внимателно, целосно и темелно секоја задача која стои пред нив.

Запознајте го бикот одблизу


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Дзордз Reply

    Точно такаааааааа

  2. Marija Reply

    mnoguu tocnooo do najmala sitnica aj pisete i za strelec 🙂

  3. ~N!K$A~ Reply

    Leee,se tocno navistina,blagdaram mnogu za ovaa statija :))

  4. ана Reply

    јас не се пронаоѓам во ова. затоа што од овен се ми одговара а од тука мн малце.. ииначе сум родена на 20Април..незнам што сум -.-

    • Име Reply

      Ana se ti odgovara od oven zosto si oven 🙂 . od 21 april pocnuvaat bikovite.. Pozdrav 🙂

  5. tina Reply

    moze li za bliznaci vakov profil?

  6. SunShine Reply

    se e tocnooo 😛

  7. Maja Reply

    Se e sovrseno tocno, nema so , koj ke rece deka ne e tocno ovaa za bikot se laze prvo samiot sebe pa drugite

  8. Tea Reply

    Lele sve e TOCNO :)))) tvordoglava i romanticna 😀

  9. Алек Reply

    Бикот е првиот од земјените знаци, па токму тој е и најприземен во однос на другите три.
    Re: Бикот е прв од земјените знаци но на број се уште два (Девицата и Јарецот) а не три-само да ве поправам инаку сум Девица со подзнак Бик =]

  10. Ardi Reply

    хммммм, 100% е точно сето ова што е напишано за бикот.
    Откако го прочитав ова, имав чуство дека буквално јас сум се опишала себе си каква сум 🙂

  11. Jas Reply

    I am a taurus and i find this offensive.

  12. рибичка Reply

    едноставно ги сакам овие бикови, навистина се пријатни 🙂

Напиши одговор на рибичка Откажи одговор