Заборавете на хороскопскиот знак и дознајте што ви открива подзнакот за вашата сексуалност

Во одредени периоди, вашиот подзнак може да надвладее над вашиот знак и да воведе одредени промени во начините на размислување и однесување. Тоа најмногу може да се одрази на сексуалноста. Пронајдете го вашиот подзнак и дознајте што кажува тој за вашите желби и потреби под чаршафите…

1-ovoj-pat-zanemarete-go-vashiot-horoskopski-znak-i-poglednete-kako-vashiot-podznak-ja-otkriva-vashata-seksualnost-www.kafepazua.mk_

Овен

За вас сексот е важна работа во животот. Сакате директен секс и многу сте страсни. Во сексот понекогаш ви е тешко да се воздржите, па можете да станете и насилни. Ако на вашиот партнер тоа му одговара, покрај вас ќе доживее невидено сексуално задоволство. Вие во сексот сте спонтани и не сакате ограничувања. Вашиот партнер може да биде потполно отворен кон вас и до крај да ви ги открива неговите мали тајни. Во текот на сексот вие сте најгласни помеѓу сите останати хороскопски знаци.

Вашите ерогени зони се лицето и главата. Обожавате вашиот партнер да ви ги грицка ушите и во состојба сте да доживеете оргазам во текот на добрата љубовна предигра. Во состојба сте да ја одвоите љубовта од сексот, но од партнерот задолжително очекувате да ви се посвети со душа и тело. За вас љубовната предигра претставува губење време, па најчесто веднаш преминувате на главното.

Бик

За вас сексот е инстинктивна работа, па кон него и еротиката се однесувате нагонски и сосема природно. На сексот гледате како потреба во која уживате, баш како во храната или пијалакот. Затоа сте склони да претерувате, па дури и кога вашиот партнер е исцрпен, вие сакате уште. Сензуалноста е вашето силно оружје во освојувањето на партнерот за секс, бидејќи тој чувствува дека сте му посветени и дека уживате во неговиот допир. Физичкиот изглед на вашиот партнер ви значи многу, но и неговото однесување во текот на водењето љубов.

Барате, но и давате многу бакнежи и прегратки. Телото на вашиот партнер и неговата сензуалност најдобро ја чувствувате преку усните. Уживате во облините и во вкусот на телото. Милувањата и масажата знаат многу да ве возбудат. Во сексот сте бавни, а предиграта ви значи скоро исто како и самиот чин. Не доаѓате брзо до оргазам, но тој е толку силен што одредено време по доживувањето не сте во состојба да ја продолжите љубовната игра. Сексот исклучиво за физичко задоволство не ви значи ништо. Групниот секс ве остава рамнодушни, иако сакате да испробате баш сè.

Близнаци

Разновидноста и бујната фантазија се нивната најдобра карактеристика, особено кога сексот е во прашање. Вашата љубопитност ве тера да експериментирате и да испробувате разни пози. Тоа е единствениот начин да не ви досади вашиот партнер и да не го изгубите интересот за секс. Бидејќи сте еден од најинтелектуалните знаци, на сексот му приоѓате според таа основа.

Порнографијата не ви е непозната и може да ви делува доста стимулативно. Барате различни начини да го задоволите вашето сексуално его. Скоро редовно имате и по неколку сексуални партнери. Дури и кога сте со личноста која исклучително ја сакате. Перверзиите за вас се нормални и составни делови на сексот и тука нема ништо необично. Важно е вие добро да се забавувате.

Рак

Вашиот пристап кон сексот е доста романтичен. Емотивната врска мора да биде составен дел од сексот, бидејќи во спротивност нема да бидете заинтересирани. Сепак, тоа не значи дека сексот во вашиот живот е реткост. Не сте промискуитетни, туку моногами. Сакате да имате постојан партнер и постојано се плашите да не го изгубите. Внимателни сте во љубовниот чин и нема да направите ништо за кое не сте сигурни дека му одговара и на вашиот партнер.

Милувањето и предиграта траат долго, а честопати сте задоволни само со тоа и не е неопходно да доживеете оргазам. Вашиот оргазам не е силен и краток, туку прикриен, тивок и долготраен. Меѓутоа, доколку тоа го возбудува партнерот, вие ќе глумите спонтани и силни оргазми. Од друга страна пак, нема да поднесете критика или исмејување. Тогаш знаете да бидете лоши и одмаздољубиви. Поради стравот да бидете одбиени, ретко прво преземате иницијатива.

Лав

Лавовите најмногу уживаат во сексот со личности за кои се сигурни дека ги обожаваат. Вие како Лав имате вродена потреба за останатите да ви се восхитуваат и во сексот правите сè со цел да предизвикате восхит кај партнерот со вашите сексуални потенцијали и вештини. Кога тој/таа ви ласка и ви се восхитува, лесно ќе го достигнете врвот на сексуалното задоволство. Вашите очекувања во сексот се големи, но подготвени сте на она што ќе го добиете да возвратите со уште поголема мера. Изгледот ви е важен, па најчесто се одлучувате за партнери кои се атрактивни и кои го привлекуваат вниманието на околината.

Сакате огледала во спалната соба, но и видео камера. Сексот го доживувате како претстава, по чие завршување очекувате громогласен аплауз.

Девица

Вие и во сексот барате совршенство. Поради тоа постојано имате чувство дека не сте доволно добри, па потребно е партнерот да ве увери дека сè е во најдобар ред, бидејќи вие самите себеси сте си најстрог критичар. Кон партнерот исто така сте доста критични, па не е ниту малку лесно да ве задоволи, но затоа пак сте великодушни и непрекинато му давате шанси да успее во тоа. Од перверзија предвид доаѓа само малку мазохизам, а на жените во овој знак не им се непознати ниту хомосексуалните искуства. Во сексот преферираат дискретност и не сакаат многу експериментирања и изненадувања.

Се обидуваат да го задоволат партнерот, бидејќи само тогаш може да се помират со својата потреба да бидат совршени. Иницијативата за сексуален однос најчесто ја презема вашиот партнер. Во креветот сте подобар следбеник отколку водач. Несмасни сте во искажувањето на вашите чувства, но тие секогаш се подлабоки од она што го искажувате. Од друга страна пак, премногу сте реалистични за да ве импресионира нечие ласкање.

Не го пронајдовте вашиот подзнак? Продолжете на втората страница.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар