Возбудливи пресврти и љубовни немири: Минатото нема да им даде мир на овие хороскопски знаци

Според ѕвездите, оваа година минатото ќе затропа на вратата на 3 хороскопски знаци. Иако мислевте дека сте се извлекле неповредени од поранешните врски, средбата со минатото ќе ви го докаже спротивното. Очекувајте дека старата љубов ќе ви се врати во животот на некој начин. Тоа ќе ви ги помати плановите и ќе ви понуди само две опции: Да стапите во брак или целосно да се откажете од таа помисла. Само 3 хороскопски знаци ќе доживеат конфузни љубовни ситуации до крајот на 2017 година, па дознајте дали и вие сте едни од нив…

Возбудливи пресврти и љубовни немири: Минатото нема да им даде мир на овие хороскопски знаци

Овен

Минатото се подготвува да ве посети. Некоја ваша поранешна љубов можеби ќе воспостави контакт со вас така што ќе ви се јави и ќе ви каже дека се работи за обичен пријателски повик и дека сака да види како сте и што правите. И така играта ќе започне! Во ноември можно е да се смирите и да започнете сериозна врска или брак. Па, нека ви е со среќа! Време ви беше да се смирите.

Близнаци

И Близнаците ќе имаат можност да го вкусат нивниот дел од колачот што го подготвуваат судбината и кармата. Припадниците на овој знак во голема мера ги одбегнаа сите потресни случувања, но сега нема да можат да избегаат од духовите на минатото. Оние кои биле осамени подолго време, сега ќе успеат да остварат цврста и стабилна врска, а оние кои веќе се во љубовни односи, ќе почнат да ја преиспитуваат нивната стабилност. Нешто ќе ве поттикне да воспоставите контакт со личноста која одамна не сте ја чуле, а со која чувствувате силна поврзаност длабоко однатре.

Рак

На Раковите нема да им оди како подмачкано. Ќе бидете под голем притисок на професионален и на љубовен план. Љубовните проблеми ќе успеете да ги решите со многу смиреност, трпение, издржливост и одлучност. И вас ве очекува борба со духовите од минатото. Некако не можете да одолеете и да не одговорите на повикот од личноста која ви го скршила срцето. Ќе отидете по уште една доза, па што сака нека биде! Раковите кои цела година ја испуштале љубовта од раце, ќе добијат уште една шанса во декември, па најдобро би било да ја зграпчите оваа можност!

Во продолжение дознајте кои 12 астро парови имаат најкомплицирани љубовни врски.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар