Водолија и водолија – пријателска комбинација

Заедничкото време кое го поминуваат двајца пријатели со хороскопски знак водолија, е едно од ретките мигови кога тие се чувствуваат сосема нормално. Се разбира, нормално колку што една водолија може да се чувствува. Правата водолија нема да смета дека е необично тоа што нејзиниот пријател јаде парче кашкавал намачкано со еурокрем. На сличен начин, другава нема да биде изненадена ако нејзиниот другар добие идеја за полноќно капење во сред месец февруари.Водолија и водолија - пријателска комбинацијаЕдна работа е сигурна, на овие пријатели никогаш нема да им биде здодевно додека се заедно. Ним секогаш им е интересно да дискутираат за актуелните настани во државата и светот, а може да сакаат и да бидат дел од разни хуманитарни активности.

Две водолии може заеднички да се рекреираат возејќи велосипед, скијајќи, сурфајќи на бранови и сл. Кога станува збор за полежерни физички активности, овие пријателчиња може вистински да се зближат доколку заедно посетуваат часови по јога. Исто така, можно е да имаат манија за посетување часови по модерен танц, кој соодветствува со нивниот артистички дух. Заедничките патувања на егзотични места, секогаш ќе претставуваат непресушен извор на забава, кога станува збор за пријателска комбинација составена од две водолии.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар