Водолија и риби – пријателска комбинација

Водолија и Риби – пријателска комбинација

Водолијата се чувствува пријатно кога е во близина на нејзиниот пријател со хороскопски знак Риби, а тоа е така највеќе бидејќи двајцата поседуваат силни хуманитарни инстинкти. Тие обожаваат да им помагаат на луѓето кои се во нужда, па ништо чудно и самите да се запознале на некој хуманитарен настан.

Водолија и риби – пријателска комбинација

За Рибите, пријателството кое го имаат со Водолијата преставува вистинско освежување. Ниеден од нив не го почитува формалниот начин на однесување и токму поради тоа тие уживаат во „откачените“ особини од нивниот карактер.

Рибите никогаш не треба да се грижат за тоа што ќе мисли Водолијата за нивната потреба постојано да шетаат босоноги. На сличен начин, Водолијата нема потреба да им објаснува на Рибите на кој начин едниот чорап ѝ „залетал“ на фрижидерот.

Тенденцијата на Водолијата понекогаш да биде цинична, може да ги збунува Рибите. Од друга страна, инстантното цимолење на Рибите како резултат на секоја мала провокација, може навистина да ја нервира Водолијата. Во секој случај, во поголемиот дел од времето поминато заедно, овие пријатели обожаваат да се дружат, особено кога одат заедно на часови по јога, прават филозофски муабети или го набљудуваат ѕвезденото небо.

Овие пријатели се навистина навлечени на некои теми од новото доба, како што се тарот-карти, нумерологија или читање книги како „И Чинг“. На Водолијата ѝ е забавно да навлегува во дискусии со длабоките Риби, кои темелно ги разбираат ваквите теми.

Кога станува збор за станување од кревет и протегање на екстремитетите, овие двајца може да уживаат во активности како танцување и пловење. Исто така, одењето в кино може да биде начин на забава за нив, особено доколку гледаат филм од некој експериментален жанр. Рибите и Водолијата се најчесто и музички талентирани, па може да им биде интересно да пеат и свират заедно или да си ги разменат mp3 плеерите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар