Водолија и рак – пријателска комбинација

16 February, 2012 0 коментари од

На водолијата можеби ќе ѝ биде проблем понекогаш да го разбере пријателот со хороскопски знак рак, но таа секогаш ќе ужива во предизвикот. Работата се состои во што овие два знака имаат многу различни потреби. Ракот тежнее да се чувствува сакано од другите луѓе, а водолијата е во потрага по интелектуална стимулација. Ракот има традиционален поглед кон животот, а водолијата е бунтовник. Ракот сака да живее удобен и луксузен живот, а водолијата не можат да ја исполнат задоволствата кои можат да се купат со пари. Ракот е емотивен, а водолијата логична.Водолија и рак пријателска комбинацијаИ покрај многуте нивни разлики, среќна околност во ова пријателството е тоа што водолијата умее да му покаже љубов и внимание на ексцентричниот рак, а неговата интересна смисла за хумор пак, ја засмејува водолијата до солзи. Исто така, ракот има голем интерес за историјата, па може со часови да ја забавува љубопитната водолија, раскажувајќи ѝ рани историски приказни.

Ова пријателство може да се одржи на стабилни нозе, доколку водолијата и ракот успешно си ги компензираат нивните слаби и јаки точки. Така на пример, водолијата може да му понуди на ракот логични решенија за неговите вознемирувачки проблеми. На сличен начин, ракот може да ја научи водолијата на некои финеси, на пример како да пречека гости на вечера и да се покаже како вистински домаќин, подготвувајќи вкусна храна, декорирајќи богата трпеза и ставајќи чисти крпи во тоалетот.

Овие пријатели може да уживаат во водните спортови како нуркање, возење на кајак или скутер на вода, како и сурфање на ветер. Алтернативна занимација може да им биде колекционирање антички предмети и изработка на макети. Доколку ракот не почне да ја задушува водолијата со нејзините потреби, на неа нема да ѝ биде проблем да ги задоволува неговите потреби за удобен и релаксиран живот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Астрологија

Tags: , , , ,

За авторот

Новинарка по професија и исклучително љубопитна девојка со истражувачки дух, вечно во потрага по доза креативност. Кафе пауза ми ја оживува страста и ми дава можност секој ден да учам нешто ново. Животно мото ми е дека без кафе и по некоја испеана песна, не смее да ми помине ниту еден ден. Обожавам тимска работа, музика, филм и уметност во сите облици. Верувам дека добриот совет и астрологијата ми помагаат да се разберам себеси и светот околу мене. Неостварен сон - да го прошетам светот.
0 коментари за “Водолија и рак – пријателска комбинација”

Остави коментар

Read more:
Прекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на Guess
Прекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на „Guess“

Oстварете си ги соништата - направете план
Oстварете си ги соништата – направете план

Ресторан на врв на вулкан
Ресторан на врв на вулкан

Close