Водолија и лав – пријателска комбинација

Водолија и лав – пријателска комбинација

Овие два знака се наоѓаат еден наспроти друг на зодијачкото тркало, што значи дека станува збор за едно интересно пријателство. Водолијата не може да не го обожава лавот, и покрај тоа што тие двајца се тотално спротивни за многу нешта. Импресивниот, драматичен стил на живот на лавот, е во тотална спротивност со опуштеното и смирено однесување на водолијата. Самото присуство на лавот, ја исполнува водолијата со енергија и ентузијазам. Од друга страна, незаинтересираноста и непристрасноста на водолијата, му помага на лавот да остане фокусиран на своите планови и цели.Водолија и лав - пријателска комбинацијаЛавот тежнее луѓето околу него да му даруваат љубов и да му покажуваат почит, а на водолијата не ѝ е гајле што другите мислат за неа. Лавот е искрена, срдечна и отворена личност, а водолијата е рамнодушна и воздржана. Лавот е емотивен, а водолијата е аналитична. Доколку водолијата може да го поднесе егоизмот на лавот, тој ќе излезе на крај со нејзината ексцентричност.

Сличноста помеѓу нив двајца е тоа што се многу лојални личности. Лавот никогаш нема да ѝ откаже средба на водолијата, само поради некоја згодна девојка/момче, а ни водолијата нема да го озборува по луѓето кои му завидуваат на лавот. Точно е дека лавот нема поим што водолијата му зборува во половина од времето кое го поминуваат заедно, поради нејзиниот апстрактен начин на размислување. На сличен начин, водолијата нема да сфаќа што лавот мисли, кога ѝ зборува за некои козметички продукти за разубавување или за најновата мода на облекување.

Овие два знака се многу енергични и активни, поради што тие може да уживаат правејќи напорни вежби во салата за вежбање или џогирајќи во парк. Двајцата се прилично музикални луѓе и може да уживаат во одењето на рок концерти. Лизгањето по мраз исто така може да биде нивни заеднички интерес, бидејќи во овој спорт е вклучена грациозната прецизност на која двајцата ѝ се восхитуваат. Исто така, може да делат интерес за егзотични животни, играње партија тенис или летање со балон.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар