Водолија и близнаци – пријателска комбинација

Помеѓу близнаците и водолијата постои обострана симпатија, а тоа е така бидејќи двајцата поседуваат бистар и брз ум, што ги прави слични по карактер. Близнакот претставува умствена стимулација за водолијата и ги задоволува нејзините потреби за поимот „пријател“. Двајцата се многу љубопитни луѓе по природа и имаат многу енергија во себе. Деновите секогаш изгледаат кратки за нив двајца, кога го поминуваат времето заедно.Водолија и близнаци – пријателска комбинацијаИ покрај тоа што близнакот познава еден куп луѓе, сепак има само неколку блиски пријатели, а водолијата е најверојатно една од нив. Тоа е така бидејќи водолијата знае како да го надополни ентузијазмот за живеење на животот со полна пареа на близнакот, секогаш покажувајќи интерес за неговите најнови хобија и животни настани.

Разликата помеѓу овие пријатели е тоа што водолијата умее да се фокусира на едно нешто со месеци, па дури и години, а близнакот секогаш лута, скокајќи од една на друга работа на секои две минути, како пчелата на цвеќињата. Овој недостаток на близнакот, го надополнува водолијата, внесувајќи конзистентност во неговиот живот. Од друга страна, близнакот ја возвраќа почитта, помагајќи ѝ на водолијата да се концентрира на она што го работи во периодот.

Овие двајца може да уживаат во динамични спортови како тенис и сквош. Од зимските спортови може да им се допаѓа скијањето кое е најслично на летањето (овие два хороскопски знака ја ценат слободата повеќе од сѐ). Исто така, тие може да имаат заеднички интерес за интелектуални игри како шах, табла, брич и сите игри во кои тие ќе можат да развиваат одлични стратегии. Доколку поседуваат музички талент (па дури и да не се музикални), најверојатно ќе сакаат да се дружат заедно со звуците од гитарата. Од хобијата, двајцата може да ги интересира нешто со изработка на стаклени предмети, бидејќи ги фасцинираат триковите кои стаклото ги прави со светлината.

Доколку овие двајца сакаат да го задржат нивното пријателство, водолијата ќе мора добро да се потруди да ги запамети битните случувања во животот на близнакот, додека тој мора да се потруди помалку да доцни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар