Водолија и бик – пријателска комбинација

Водолијата ја обожава лојалноста на бикот. Кога станува збор за пријателство, бикот е навистина верен другар на кој водолијата може да се потпре во секое време. Двајцата се посветени на пријателството и ќе го одржат нивниот однос стабилен и во добро и во лошо, и во здравје и во болест.Водолија и бик пријателска комбинацијаДружењето со водолија претставува интересен предизвик за бикот. Како прво, водолијата мрази однапред договорени работи, додека пак бикот се чувствува помоќно кога денот му е испланиран. Второ, водолијата не покажува голем интерес за материјални работи, додека бикот обожава да поседува убави и скапи предмети. И трето, но не последно, водолијата си ја цени својата независност и слобода на избор, а бикот сака да се држи близу до своите најдобри другари.

Водолијата навистина се збунува од материјалистичката природа на бикот, додека тој не може да ја сфати потребата на водолијата да биде во бучави и гужви. Се прашувате дали постои некаква надеж за нивното пријателство? –Да, постои, доколку двајцата се отворени за особините кои им се допаѓаат кај секој од нив. Така, бикот може да ја пофали хуманоста која ја поседува водолијата, а таа пак може да го пофали здраворазумскиот начин на размислување на бикот.

Наспроти нивните карактерни разлики, бикот и водолијата многу се забавуваат кога го поминуваат времето заедно. Може да уживаат во активности како веслање, долго пешачење, летање змејови, играње игри кои бараат размислување како „Брич“, „Јамп“ и слични, а бидејќи се двајцата луѓе кои сакаат да ги користат своите раце, може да сакаат да се занимаваат со резбарство, плетење, одгледување растенија и приготвување бели печива.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар