Водолија и бик – љубовна комбинација

Водолија и бик – љубовна комбинација

Доколку љубовните партнери со хороскопски знаци водолија и бик научат како да ги координираат нивните напори, тие ќе можат да поместуваат цели планини. Практичниот и приземен бик, е тотална спротивност на невообичаената, несекојдневна карактерна природа на водолијата. Бикот одбива да направи промени кај себе, а водолијата е слободоумна и умее постепено да се менува и најмногу напредува од сите 12 хороскопски знаци.Водолија и бик – љубовна комбинацијаСе прашувате како можат овие два знака воопшто да се согласуваат? Можат, бидејќи тие имаат неколку заеднички интереси, но она што најмногу ги поврзува е нивната амбиција за успех. Тоа пак значи дека бикот и водолијата се подобри бизнис партнери, отколку љубовни партнери. Бидејќи овие два знака имаат тенденција да бидат многу тврдоглави и вообразени, мора да бидат внимателни да не влегуваат во расправии, особено поради нивната различна реакција во тензични ситуации. Кога бикот се вознемирува напаѓа токму како животното бик, а водолијата кога чувствува притисок, се повлекува настрана, обидувајќи се да создаде повеќе простор помеѓу неа и нејзиниот „тиранин“. Таквото однесување на водолијата пак, може да го предизвика бикот уште повеќе да збесне, што од своја страна ќе направи водолијата уште повеќе да се повлече и тоа така ќе тера до бесконечноста и назад. Бикот и водолијата сакаат секогаш работите да се одвиваат по нивна желба и да поминуваат со што помалку вознемиреност од чија било страна.

Модерната, напредна водолија, може да смета дека бикот премногу живее во секојдневна рутина, карактеристика која на водолијата и е здодевна. Бикот може да смета дека водолијата е интересна личност, но после кратко време може да се исфрустрира од постојаното напрегање и обид да држи чекор со брзиот, креативен ум на водолијата.

И покрај нивните многубројни карактерни разлики, бикот и водолијата сепак имаат што да си понудат еден на друг во врската. Без разлика на тоа што водолијата долго време нема да сака да признае (дури ни пред себеси) дека го смета бикот за стабилна личност, која умее да и ја даде идеалната потпора, утеха и поддршка, а бикот после кратко време ќе сфати дека водолијата го стимулира и инспирира, сепак реалноста е таа.

Бикот е предводен од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а водолијата од планетите Сатурн (карма) и Уран (бунт). Венера создава нежна, женствена енергија, убавина, романтика и сензуални задоволства, кои се важни и привлечни за бикот. Сатурн во водолијата внесува цврстина и мажественост, додека Уран се однесува на сите чудни и невообичаени особини кои се дел од нејзиниот карактер. Влијанието на Сатурн ја предизвикува водолијата да се фокусира на напорна работа и дисциплина, кои ќе и овозможат да ги реализира нејзините цели, а Уран е „виновен“ за нејзиниот револуционерен начин на размислување.

Бикот може да и помогне на водолијата да сфати дека животот е базиран на емоции, кои треба да се негуваат со убави работи и разни задоволства. Водолијата може да му покаже на бикот како постојано да напредува и како да престане да се труди околу нешто што едноставно не функционира, што е многу битна лекција која бикот треба да ја научи.

Водолијата својот фокус го става на постојано вложување во сопствениот интелект, додека бикот се фокусира на попрактични, реални ствари и сензуални задоволства. Секојдневна мисла на бикот е „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите цели?“, а  на водолијата „Што е следно?“. Овие партнери можат да имаат проблем да се разберат еден со друг ако бикот премногу и се приближи на водолијата или ако таа се однесува премногу студено и отсутно во врската. Но, ако двајцата се потрудат нивната врска да функционира, базирајќи ја на обострана љубов и почит, тие можат да успеат да ја разберат природата на другиот.

Бикот и водолијата се многу тврдоглави личности и во дискусии никогаш не сакаат да го променат нивното гледиште, кое веќе еднаш го оформиле. Но, истовремено нивната упорност и истрајност игра добра улога во нивниот љубовен живот: ако веруваат дека она што тие го имаат како пар е прекрасно, речиси ништо на светот нема да може да ги натера да ја раскинат врската. Ако врската е нежна, благотворна и корисна за двајцата партнери, таа ќе иде во добра насока. Но, ако еден или двајцата партнери ја попречуваат хармонијата во врската и одбиваат да си признаат дека е време да се стави крај на истата, тоа може сериозно да го отежни нивниот понатамошен индивидуален развој. Доколку партнерите сфатат дека попустливоста и флексибилноста се подобри особини од тврдоглавоста, нивната врска ќе може да се развива во позитивна смисла. Бидејќи бикот е попрактичен, најверојатно тој прв ќе попушта и ќе се повлекува еден чекор назад во нивните недоразбирања – ако смета дека таквата постапка е практична.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација водолија – бик е нивната незапирлива тимска моќ, која може да дојде до израз, ако партнерите еднаш успеат да ги надминат препреките на патот кон нивната среќа. Бикот и водолијата се многу силни личности, така што ниеден од нив не е доминантен во врската, без разлика колку и да се труди секој од нив да биде.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. bik Reply

    bik i lav moze??
    i astrologija??

  2. Brankica Reply

    Sakam za bik i oven ve molam 🙂 pozz

  3. Andrea Reply

    Ke ve molam Devica i Bik Od naped vi blagodaram

    • Anonymous Reply

      Devica i Bik i Jarec i Bik se najdobra kombinacija.. 🙂
      Za bikovite praam muabet 🙂

  4. biljana Reply

    ima vistina vo ova jas sum bik-muz mi vodolija super ni e vo brakot iako toj mnogu mi popu6ta,progleduva niz prsti uvek smiren,a jas ludnica sum xaxaxa

  5. jasmina Reply

    Neznam sto da kazam ova ko da go opisuvae mojot brak i mojot zivot. Bravo.

Напиши одговор на bik Откажи одговор