Во кој хороскопски знак е родена вашата љубовна врска?

Дали се сеќавате на датумот кога почнавте да се забавувате со вашиот партнер? Секако дека се сеќавате бидејќи тогаш ја славите вашата годишнина. Врз основа на датумот на кој се случил вашиот прв страсен бакнеж, одредете во кој хороскопски знак е родена вашата врска и откријте каква иднина ве очекува.

Во кој хороскопски знак е родена вашата љубовна врска?

Вашата врска започнала во знакот: Овен (21.03 – 20.04)

Ова е период на првиот знак во зодијакот, а овенот го претставува детето во сите нас. Тој е тврдоглав и страстен знак кој сака да се расправа и мисли само на себе. Овенот спаѓа во огнените знаци, па поради тоа врската ќе биде страсна, но бидејќи со овој знак владее планетата на војната Марс која е заслужна за караници, раскинувањето и смирувањето ќе биде честа појава во оваа врска.

Добри страни: Никогаш нема да ви биде досадно.

Лоши страни: Темната страна на овенот е себичноста со која е тешко да се справуваме, па затоа морате да имате јаки нерви.

Совет плус: Спортувајте заедно, бидејќи овој знак врие од енергија и доколку добро ја насочите ќе уживате, па дури и во соблекувалната може да ви биде интересно.

Вашата врска започнала во знакот: Бик (21.04 – 21.05)

Навистина треба да им се завидува на оние кои се заљубиле во време на владеењето на бикот, бидејќи тоа е најсензуалниот знак во хороскопот и тој едноставно ужива во сè. Ако вашата врска започнала во овој период таа ќе биде полна со допири, бакнежи, нежности и секси масажи. Многу ќе уживате во заедничкото излегување во кафичи, дискотеки, изложби и излети.

Добра страна: Со бикот владее Венера, планетата на љубовта, па поради тоа ве очекува галење, бакнување и уживање на секој чекор.

Лоша страна: Штедливоста на биковите сигурно ќе ви смета.

Совет плус: Биковите се господари на подиумот за играње, па затоа забавувајте се и уживајте.

Вашата врска започнала во знакот: Близнаци (22.05 – 21.06)

Овој период е вистински погодок за започнување врска, бидејќи близнакот е знакот на комуникацијата и затоа проблемите ќе ги решавате по пат на разговор. Поради ова врската ќе опстане долго време, но можеби ќе ви биде потребна малку романтика да ги разбие сите тие разговори.

Добра страна: Секогаш ќе имате за што да разговарате, па макар тоа да биде и обично озборување.

Совет плус: Врската ќе изобилува со секси мејлови, СМС-пораки и ливчиња испишани со разни слатки коментари.

Вашата врска започнала во знакот: Рак (22.06 – 22.07)

Секоја чест, бидејќи сте го избрале вистинскиот период за започнување врска. Ракот е знакот на семејството и домот и затоа оваа врска има изгледи да прерасне во нешто сериозно. Раковите уживаат во храната, па според тоа можете да се раководите според она дека љубовта оди преку стомакот.

Добра страна: Ќе ви биде многу лесно да ги изразите своите емоции, а особено кога ќе бидете во кревет и заедно ќе гледате филмови.

Лоша страна: Раковите се познати по своите изливи на емоции, па понекогаш можеби ќе се чувствувате како сето тоа да ве гуши.

Совет плус: Сигурно ќе уживате во добри заеднички излегувања.

Вашата врска започнала во знакот: Лав (23.07 – 22.08)

Оваа врска ќе започне бурно, но веројатно бргу и ќе избледи. Лавот е огнен знак и затоа врската ќе ви биде полна со интересни случувања, па никаде и никогаш нема да ви биде здодевно. За жал таквата страст обично не трае долго, но доколку еден од вас е земјен знак (девица, бик или јарец), можете да дадете рамнотежа во врската.

Добра страна: драматични подеми

Лоша страни: драматични падови

Совет плус: Лавот е најразигран знак, па искористете го тоа и уживајте во спортување, пливање, трчање, а да се биде детинест во оваа врска е задолжително.

Вашата врска започнала во знакот: Девица (23.08 – 22.09)

Девицата е знак кој сака да се оптоварува со детали, па веројатно освен на датумот кога сте се сретнале, ќе се сеќавате и на сè што сте имале на себе. Овој земјен знак понекогаш е премногу опседнат со детали, па не обраќа внимание на големите работи кои ги пропушта, но и девиците знаат да им се препуштат на страстите кога никој не гледа.

Добра страна: Ќе мислите на сите важни датуми, а околу вас сè ќе биде беспрекорно уредно.

Лоша страна: Ситничавоста понекогаш може да пречи.

Совет плус: Во оваа врска ќе имате план за секоја заедничка активност. Замислете си колку дури и заедничкото миење садови може да биде интересно и забавно.

Вашата врска започнала во знакот: Вага (23.09 – 22.10)

Вагата е добар знак за започнување врска, така што имате голема шанса таа да успее. Темел на оваа врска се хармонијата и грижата за партнерот, но вагата понекогаш знае да ја напушти врската без зборови и тука не може ништо да се стори.

Добра страна: Венера, планетата на љубовта, внимава на вас.

Лоши страни: Вагите честопати се неодлучни, па можеби тешко ќе се одлучите каде да одите, во кино или во дискотека.

Совет плус: Уживајте во галење и излежување или хранете го партнерот со чоколадо, а потоа темелно соберете ги остатоците од него и на тој начин добро ќе ја искористите мрзеливоста на вагата.

Вашата врска започнала во знакот: Скорпија (23.10 – 21.11)

Скорпијата е знак кој владее со страста, така што ќе ви биде многу убаво доколку вашата врска започнала во време на владеењето на овој знак. Карактеристична за овој знак е мистичноста, но и одмаздата, па затоа внимавајте што правите.

Добра страна: Мора ли да се каже што е тоа? Па се разбира – добар секс.

Лоша страна: Ако тргне нешто наопаку, работите би можеле да станат опасни.

Совет плус: Врската во знакот скорпија ќе ви открие некои нешта кои не сте ги знаеле за себе.

Вашата врска започнала во знакот: Стрелец (22.11 – 21.12)

Вие сте во светот на авантурите и ќе уживате во страсни моменти ако вашата врска започнала во знакот стрелец, но можеби таа нема да трае долго, бидејќи стрелците секогаш сакаат нешто ново.

Добра страна: Оваа врска ќе биде динамична и со многу пресврти, кавги и смирувања.

Лоша страна: За стрелците тревата е секогаш позелена на некое друго место.

Совет плус: Стрелецот е знак кој обожува патувања, па ако врската сте ја започнале во време на неговото владеење, искористете го тоа максимално и тргнете на заедничко патување.

Вашата врска започнала во знакот: Јарец (22.12 – 20.01)

Ако сакате долга врска, а сте ја започнале во знакот јарец, тогаш сте го избрале вистинскиот момент. Може да ви се случи да останете со партнерот сè додека смртта не ве раздели, но таквата врска носи и поголема одговорност. Понекогаш може да ве нервира проблематичноста на јарецот.

Добра страна: Можете да остварите сè што ќе замислите и тоа заедно.

Лоша страна: Јарецот е студен знак, па доколку не сте припадник на некој огнен знак работите би можеле да бидат прилично смрзнати.

Совет плус: Поминувајте го заедно целото слободно време и вашата врска ќе процвета.

Вашата врска започнала во знакот: Водолија (21.01 – 18.02)

Од сите знаци во зодијакот водолијата најмногу ужива во својата оригиналност и различност, па ако вашата врска започнала во овој период ќе трае онолку долго колку што ќе си дадете простор за слобода еден на друг.

Добра страна: Заедно можете да го освоите светот, доколку ја почитувате слободата на партнерот.

Лоша страна: Водолијата не е особено страстен знак, но ако се потрудите би можеле да успеете.

Совет плус: Водолијата е секогаш спремна за лудости.

Вашата врска започнала во знакот: Риби (19.02 – 20.03)

Кога сте се сретнале веројатно веднаш сте почувствувале дека сте создадени еден за друг. Тие кои се заљубиле во знакот на риби ќе уживаат во времето кое ќе го поминуваат заедно, бидејќи рибите се нај романтичниот и нај емоционалниот знак. Вие и вашиот партнер ќе си создадете сопствен свет.

Добра страна: Креативна и романтична заедница во која ќе уживате.

Лоша страна: Ќе имате проблем да се вратите во реалноста.

Совет плус: Рибите обожуваат да дегустираат разни пијалаци и да уживаат во добра музика. Во секој случај ќе ви биде убаво и забавно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Јас Reply

    За близнаци нема лоша страна xD

Остави коментар