Во каква жена ќе се заљуби ТОЈ според неговиот хороскопски знак? Бикот во грижлива, Лавот во самоуверена...

Во каква жена ќе се заљуби ТОЈ според неговиот хороскопски знак? Бикот во грижлива, Лавот во самоуверена…

Астрологијата може да ви даде многу информации за тоа какви типови жени го привлекуваат вашиот идеален маж и со какви жени најобично завршува во брак. Искористете ја таа информација во ваша корист.

1-bikot-vo-grizhliva-lavot-vo-samouverena-vo-kakva-zhena-kje-se-zaljubi-toj-spored-negoviot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Овен

Мажот во знакот Овен сака независна и силна жена, која не се плаши да каже што мисли и способна е да го совлада секој предизвик. Успехот и способноста се афродизијак за него.

Бик

Жените кои се грижливи, полни со поддршка, забавни и женствени со сигурност ќе го привлечат вниманието на мажот во знак Бик. Ако некоја дама малу го затресе, а и понатаму е женствена, нема да може да ѝ одолее.

Близнаци

Мажите Близнаци со сигурност ќе „паднат“ на жената која е интелигентна, креативна и забавна. Кога еднаш ќе успее да му го привлече вниманието и ќе продолжи да го изненадува и фасцинира, ќе стане неодолива за него.

Рак

Мажите во знакот Рак сакаат жена која е невина и слатка, а потполно посветена на него. „Дамата во неволја“ на која би ѝ помогнал и би ја заштитил со сигурност ќе го освои неговото срце.

4-bikot-vo-grizhliva-lavot-vo-samouverena-vo-kakva-zhena-kje-se-zaljubi-toj-spored-negoviot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Лав

Самоуверени, отворени и продорни жени се оние кои ги привлекуваат мажите во знакот Лав. Нивната дама мора секогаш да биде во најдоброто издание, со совршена шминка, затегнато тело и занесна коса. Меѓутоа, не е доволно таа само да биде убава – мора да биде и паметна, духовита и остварена.

Девица

Мажите во знакот Девица секогаш ќе „паднат“ на девојката од соседството. Нивната идеална партнерка е убава, но не е свесна за тоа и многу е интелигентна. Покрај тоа, таа би требало да биде чувствителна, да размислува логично и да биде толерантна. Никако не им би се допаднала некоја која сака јавно да ги искажува чувствата или да е претерано чувствителна.

Вага

Овие мажи веруваат во идеални врски, па секогаш ја бараат својата идеална партнерка. Кога ќе ја пронајдат, ќе направат сè што е во нивна моќ за таа врска са успее. Единствен проблем е тоа што тешко пронаоѓаат партнерка со која ќе можат да се поврзат емотивно и интелектуално. Им се допаѓаат жени кои се атрактивни, духовити, полни со самодоверба, посветени и интелигентни.

Скорпија

Мажите во знакот Скорпија секогаш сакаат да бидат најдобри и да имаат сè најдобро, па се подразбира дека секогаш ќе бараат и најдобра партнерка. Тие ќе се заинтересираат за жена која е паметна, секси, со авантуристички дух, страсна, независна и да сака физичка активност.

3-bikot-vo-grizhliva-lavot-vo-samouverena-vo-kakva-zhena-kje-se-zaljubi-toj-spored-negoviot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Стрелецот сака жена што е возбудлива, полна со енергија и непредвидлива. Таа ќе го натера да се замисли и ќе ја набљудува како предизвик, што со сигурност ќе го привлече.

Јарец

Потребно е многу за мажот во знакот Јарец да се препушти и заљуби, но кога ќе ја запознае вистинската жена, му нема спас. Тие сакаат жена која е самоуверена, но да не е напорна, секси, но да не е промискуитетна, нежна, но да не е претерано емотивна, и да има свој живот, кариера, хоби, интереси и соништа.

Водолија

Мажите во знакот Водолија ќе се заљубат во дама која во целост е независна и го прави она што го сака. Да не се грижи што другите мислат и секогаш да се држи до својот фазон. Тоа е баш она што ќе ги излуди мажите во овој знак.

Риби

Мажите во овој знак често се заљубуваат и одљубуваат, но целосно ќе ги освои дама која е нежна, великодушна, грижлива и толерантна. Секако, мора да биде и љубител на уметноста, да ги сака луѓето и животните и да има свест за околината и природата.

2-bikot-vo-grizhliva-lavot-vo-samouverena-vo-kakva-zhena-kje-se-zaljubi-toj-spored-negoviot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар