Видови неверство во машкото срце според хороскопскиот знак

Желбата за неверство не е еднаква со извршување неверство. Сепак, за припадничките на понежниот пол, многу е важно дали нивниот партнер им е целосно посветен и верен длабоко во срцето. Иако не треба да се земе здраво за готово, различни хороскопски знаци имаат различна тенденција да покажуваат разни скриени видови неверство, кои понекогаш можат да бидат и поопасни од самото изневерување.

Видови неверство во машкото срце според хороскопскиот знак

Неверство со очи – Јарец и Рак

Седите во кафуле кога одеднаш забележувате како вашиот партнер упатува скриен поглед на другиот агол, проследен со блага насмевка на неговото лице. Вие чурите од љубомора. Тој тоа можеби го прави бидејќи има потреба да си ја задоволи својата суета или пак за да си ја докаже својата привлечност.

Неверството со очи, иако наивно, може да биде многу вознемирувачко за жените. Но, наместо бурно да реагирате, штом забележите ваков испад, дајте му поддршка: „Нели е добра русокосата на сепарето во аголот, и мене многу ми се допаѓа.“ Ваквите зборови обично ќе го вратат во вашата прегратка.

Неверство со мислите – Бик и Вага

Згодна бринета поминува покрај вас и вие забележувате како тој магично е обземен од нејзината појава. Наеднаш станува сосема отсутен и изгледа како веќе да ги допира нејзините усни и се милува со неа во кревет. Тоа се тие машки фантазии кои на жените им делуваат како неверство со мислите.

За овој вид неверство жените имаат еден вид шесто сетило, веднаш го забележуваат, но наместо да се прашувате дали повеќе не го привлекувате, најдобро е да му дадете до знаење дека и вие сте ја забележале привлечната бринета која ви го пресекла патот. И оп, ладен туш, тој за секунда се враќа назад во реалноста.

Неверство во соништата – Вага и Скорпија

Станувате наутро од спиење и тој се однесува чудно. Додека појадува ве загледува и ви дава некој чуден коментар од типот: „Можеби треба да симнеш некое килце.“ Бум! Зборови кои делуваат како куршум во градите на секоја жена. Секако дека поради таквиот коментар ќе се запрашате дали тој повеќе би сакал да биде со некоја друга, но вистината е дека фантазирањето и мечтаењето за друга личност е сосема нормално во бракот и во долгите врски. Навечер, кога тој ќе легне да спие, во мислите може да му дојдат мечти за друга жена, па потоа да следуваат и соништа кои ќе се темелат на таквите негови желби.

Опасноста од овој вид неверство лежи во тоа што нашите соништа се најчесто реакција на нашите потсвесни размислувања. Добрата вест пак е што овие желби во реалноста ретко ни се исполнуваат. Ако пак се работи за мечтаење со отворени очи, тоа е веќе знак за опасност – тие се показател на вистинско незадоволство во врската или бракот.

Порно неверство – Бик и Водолија

Билборди со разголени гради на секој агол, телевизиски реклами со атрактивни девојки, пристап до разголени убавици со само едно притискање на копчето на лаптопот или телевизорот… Па, кој би можел да им одолее на сите овие можности и да не се препушти на искушението да биде во друштво со убава девојка. Иако е нормално и очекувано, и ова однесување може да се доживее како неверство. На пример, доколку тој остане да гледа порно до доцна навечер, додека таа е веќе одамна во кревет.

Без никакво реално изневерување, и во овој вид неверство сепак се крие опасност. Во случај кога мажите само сонуваат за порнографски содржини и убави девојки, тие сè повеќе стануваат незадоволни и тоа е знак за повлекување црвена линија.

Неверство со зборови – Овен, Стрелец и Рак

Тој веќе не разговара со неа. Таа, за своите маки и проблеми може да разговара само со другарките. Наутро се бакнуваат само од рутина, а прегратката веќе ја нема онаа топлина што ја имала порано. Врската е заглавена во ладна состојба.

Најлош степен на овој вид неверство е кога ќе замре и нежноста. Тоа е веќе неверство со чувствата. Ова некогаш може да го навести тажниот крај на една врска, но понекогаш е и само минлива криза, фаза во која и двајцата партнери не даваат сè од себе за да ги решат моменталните проблеми. Од ваквите кризни ситуации може да се извлечете само со искрен разговор.

Неверство со ладно однесување – Лав и Риби

Тој во друштво на своите другари често знае да каже: „На некој што е толку долго во врска како мене му е потребна мала промена. Со тек на време, секоја жена губи од својата привлечност.“ Машки муабети. Па на овие зборови ќе се надоврзат останатите во друштвото за да се покажат пред самите себе и пред другите дека го имаат истиот тој по малку циничен став.

Но, дури и кога неговите забелешки не се искрени и се само нешто што го пополнува машкото време во муабет, сепак изневерувањето со зборови е сериозен показател на непочитување и недостаток на чувства за она што тие двајца го имаат.

Вистинско неверство – Близнаци и Девица

Постојано нешто замерува и бара повод за кавги. Во последно време делува како да е отсутен со духот. Има ли друга? Мисли ли на друга? Мажите лесно го изразуваат своето лошо расположение на својата партнерка. Но, зошто тоа воопшто се случува?

Постојат 3 основни причини за овој смртен грев:

1. Заради суетата: Тој бара потврда на својата машкост. Сака сам на себе да си докаже дека сè уште има влијание врз жените. Овој флерт е најчесто безопасен и минлив.

2. Заради фрустрации: Во криза е. Мисли дека си го прокоцкал животот и сака да се врати во младоста. Со другата жена тој си го остварува сонот за возбудлив живот. Овој подвид на неверството е доста опасен бидејќи ќе биде тешко тој да се врати на својот стар животен пат.

3. Заради сексуалното искуство: Му треба промена. Излегува по ноќните клубови и си бара плен – најтипичната „машка болест“ на денешницата. Ова е фатално за врската бидејќи со текот на времето неговите чувства потполно ќе затапават.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар