Вашиот хороскопски знак открива на кој начин покажувате љубомора

Вашиот хороскопски знак открива на кој начин покажувате љубомора

Сите ние го познаваме чувството на љубомора бидејќи сме го искусиле, но и сме го сретнале кај други луѓе. Никој не е имун и потполно заштитен од ова чувство и неговите деструктивни последици. Некои од нас се многу љубоморни и се склони кон драматизирање, а освен темпераментот и лошото искуство, на тоа како ќе реагираме кога сме љубоморни, влијае и распоредот на ѕвездите. Дознајте како!

1-vashiot-horoskopski-znak-otkriva-na-koj-nachin-pokazhuvate-ljubomora-www.kafepauza.mk_

Овен

Без разлика колку е Овенот полн со самодоверба и иницијатива, повремено знае да биде доста несигурен. Тој нема да го контролира своето однесување и ќе се соживее со драмата која му ја приредува љубомората. На својата мрачна страна, Овенот сака да драматизира!

Бик

Биковите не сакаат да ги покажуваат своите чувства на другите и бидејќи се рационални исто колку што се и тврдоглави, нема да ѝ подлегнат на љубомората на некој експлозивен и впечатлив начин. Но, ако утврдат дека нивните сомнежи се оправдани, ќе ве исклучат од нивниот живот без можност за опростување.

Близнаци

Верноста за нив е личен предизвик, кои не се во состојба секогаш да го одговорат, но тоа не ги спречува да очекуваат од партнерот да им биде доверлив и верен. Близнаците обично добро управуваат со своите емоции, но кога имаат причина да бидат љубоморни, тие тоа јасно ќе ви го кажат и ќе очекуваат да се коригирате и да се обидете да ја вратите довербата.

Рак

Раковите не се склони кон љубомора, бидејќи се многу длабоко посветени и го очекуваат истото од партнерот. Премногу се зафатени со негување на врската и поврзување на најдлабоко ниво, за да се занимаваат со такви површни чувства како што е љубомората. Но, ако го изневерите Ракот, никогаш нема да ви опрости.

Лав

Не доаѓа предвид да го предизвикате Лавот и неговиот љубоморен бес. Кога сте со него, вашето внимание му припаѓа само нему. Не играјте си да проверите што ќе се случи ако флертувате со други.

Девица

Девицата ги држи своите чувства под контрола. Не прави сцени и не дозволува да се видат нејзините слабости. Ако е љубоморна, нема да реагира додека потполно не ја истражи ситуацијата и внимателно да заклучи дали однесувањето на партнерот е прифатливо или не. Довербата ѝ е многу важна и ако ја изневерите, можеби ќе ви прости, но тешко дека некогаш повторно ќе ви верува.

Вага

Две работи се најважни за Вагата – да им се допадне на сите и да го избегне секој конфликт. Но, бидејќи е доста чувствителна и честопати несигурна, ќе подлегне на љубомората. Таа мрази што така ќе се чувствува и ќе се отпира стоечки, сè додека не се избори со тоа чувство и не го исфрли од себе. Ако со него замине и нејзината наклонетост спрема партнерот, сама е крива.

Скорпија

Најљубоморниот знак во хороскопот. На Скорпијата ќе ѝ смета дури и симпатијата на партнерот од основно училиште и фотографијата од матура и другарите од детството. Но, Скорпијата е свесна и моќна да умее своите негативни чувства да ги канализира во креативни акции.

3-vashiot-horoskopski-znak-otkriva-na-koj-nachin-pokazhuvate-ljubomora-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Ретко е љубоморен, а кога е, тоа воопшто не го признава. Стрелецот има голем проблем со сомневањето дека неговиот партнер не му е верен и потребно му е разуверување. Но, партнерот мора да му ги „прочита мислите“ и да почувствува во што е проблемот, бидејќи Стрелецот нема да му олесни.

Јарец

Јарецот е постојано љубоморен, но воопшто не зборува за тоа и настојува да се изгуби во обврските и работата, за да не мора да мисли на ова чувство. Налетите на љубомора брзо доаѓаат и брзо заминуваат, а Јарецот темелно ги игнорира.

Водолија

Непредвидливите Водолии ретко ги покажуваат своите вистински чувства на кого било. Не се склони кон љубомора, тоа ниво на емоции воопшто не ги интересира. Ако партнерот сепак ја предизвика нивната љубомора, тогаш таа е сигурно оправдана и Водолијата нема да се задржи во врската во која не е вреднувана и почитувана. Ќе замине без објаснување!

Риби

Рибите важат за најмалку љубоморниот знак во хороскопот, но сепак имаат свои моменти. Многу се емпатични и го откриваат она што другите го чувствуваат. Дури и кога имаат причина за љубомора, ќе преовладуваат сочувствувањето и разбирањето. Сепак, на Рибите ќе им биде потребно да имаат доверба во партнерот и чувствата да им бидат адекватно возвратени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар