Вага и водолија – пријателска комбинација

Ова е едно прекрасно пријателство кое е осудено на среќа. Вагата и водолијата се лојални другари, посветени еден на друг. Вагата сака да зборува, а водолијата сака да слуша. Вагата ужива во организирањето забави, а водолијата секогаш ќе биде нејзиниот прв гостин. Вагата секогаш има безброј прашања на ум, а водолијата ги има сите одговори кои ù се потребни.Вага и водолија – пријателска комбинацијаВодолијата и вагата се социјални пеперутки, кои сакаат да разговараат за најновите трендови, идеи и настани во нивниот град и светот. Водолијата секојпат се воодушевува на широките познавања од разни области кои ги има вагата, а таа е импресионирана од длабокиот начин на размислување на водолијата.

Се прашувате дали има нешто што не чини во ова пријателство? Па, водолијата понекогаш знае да биде премногу тврдоглава и не сака да ги менува плановите толку често, како вагата. Од друга страна, вагата знае да биде малку шефовски настроена, а тоа ја нервира слободоумната водолија. Доколку вагата и водолијата можат да си прогледаат низ прсти (а најверојатно можат) тие секогаш ќе бидат насмеани и весели другарчиња. Вагата ја обожува посветеноста и стопроцентната концентрација на водолија, а таа го цени неограничениот ум на вагата. Доколку водолијата може да ја издржи опседнатоста на вагата со нејзиниот имиџ и појава пред другите, тогаш најверојатно и вагата ќе може да ја поднесе тенденција на водолијата да го „исклучи“ умот и да одлета со мислите на некое друго место.

Вие двајца сакате спортови кои ќе ве тераат да се движите, како тенис, сквош, кошарка, а најверојатно уживате и во предизвикувачки спортови како банџи скокање, парасејлинг и летање со параглајдер. Може да уживате да дискутирате на теми поврзани со хемијата или климатските промени, а за разонода сакате да решавате крстозбори и да го набљудувате ѕвезденото небо. Исто така, посетувањето часови по модерен танц, можеби би ве зближило уште повеќе. Водолијата и вагата се многу музикални знаци, поради што можеби ќе уживаат пеејќи, свирејќи на инструменти или во најмала рака, само слушајќи добра музика.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. aleksandra Reply

    Moze prijatelska kombinacija za jarec i vodolija??

  2. irena Reply

    ne moze prijatelska kombinacija so jarec i vodolija

Остави коментар