Вага и водолија – љубовна комбинација

Кога вага и водолија ќе се спојат на љубовен план, нивната врска може да послужи за зголемување и засилување на свеста кај двата знака. Тие се поврзуваат на високо духовно ниво: делат заедничка љубов кон уметноста, луѓето и културата и не сакаат влијанија во животот кои им поставуваат ограничувања.

Вага и водолија - љубовна комбинација

Голема е веројатноста овие два знака да се согласуваат добро бидејќи имаат слични потреби и не бараат повеќе еден од друг одошто се спремни да дадат. Двата знака се исто така многу енергични, ентузијасти, така што оваа врска не може да стане млитава. И двата знака се посветуваат на унапредување на светот и на луѓето со кои соработуваат.

Водолијата е најнапредниот мислител во зодијакот, кој секогаш има некоја нова идеја во работата. Вагата е дипломатот во зодијакот и гадејќи се од каков било тип на конфликт, таа е роден балансер од каде произлегува и нејзиниот хороскопски симбол. Нагонот на вагата да избегнува несогласувања со другите луѓе, во комбинација со нејзината потреба за интелектуална слобода, може понекогаш да ја доведе до неодлучност. Кога тоа ќе се случи, поодлучната водолија може да ѝ помогне на вагата да сфати во кој правец треба да се упати. Вагата може да ја возврати услугата, со тоа што ќе ѝ помогне на водолијата да ги „отвори очите“, секогаш кога таа ќе забега во некои идеалистички размислувања, кои се далеку од реалноста.

Вагата е предводена од планетата Венера (Љубов), а водолијата од Уран (Бунтовништво) и Сатурн (Карма). Овој сплет од различни планетарни влијанија, ја прават оваа комбинација интересна и многу продуктивна. Вагата и водолијата треба дефинитивно заеднички да работат на проекти, бидејќи можат да направат чуда употребувајќи ги нивните срца, потребата за напредок и свеста за тоа што е добар производ. Овие двајца креираат едно навистина извонредно дуо, кое може да се избори за правда, промени и подобри услови во општеството.

Вагата и водолијата се поврзани на едно високо интелектуално ниво. Секој од нив го стимулира другиот во креирањето идеи и истражување нови видови на комуникациски вештини.

Вагата е иницијаторот на плановите во врската, но има тешкотија да ги доврши. Токму поради таа нејзина карактеристика, многу е позитивно влијанието на решителната водолија врз неа. Водолијата секогаш настојува да ги спроведе работите до крај, па така таа може да ги реализира и недовршените идеи на вагата. Овој пар функционира одлично, поради фактот дека и двата знака избегнуваат да се расправаат на темата кој направил што во врската и кој си зема заслуги за работите кои ги направил другиот.

Најдобриот аспект од комбинацијата вага – водолија е нивната способност за тимска работа. Заеднички можат да научат многу повеќе работи, одошто би научиле секој засебно. Нивните достигнувања, љубовта кон квалитетен социјален живот и смислувањето нови креативни проекти, ја прават оваа врска многу успешна.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар