Вага и скорпија – љубовна комбинација

Кога вага и скорпија се во љубовна врска, тие создаваат длабоко емоционална поврзана унија, од која двата партнери се задоволни. Скорпијата има тенденција честопати да се навраќа во мислите и да се присетува на грешките од минатото, што ѝ создава нестабилност и конфузија во главата. Вродениот талент на вагата да внесува хармонија и баланс во сé, ја смирува и усреќува скорпијата во многу ситуации. Скорпијата може да ѝ ја возврати услугата на вагата со нејзината моќ за концентрација, карактеристика која ѝ овозможува да ги насочи мислите кон реализирање на една цел во едно време. Бидејќи на вагата ѝ недостасува решителност, скорпијата ќе ја подбуцнува да биде побрза и поефикасна во реализацијата на идеите.Вага и скорпија – љубовна комбинацијаОвие два хороскопски знака се многу компатибилни поради нивните слични потреби и очекувања од љубовните врски. Вагата е најсреќна кога е во урамнотежена врска, во која се чувствува удобно и емотивно поврзано со партнерот. Скорпијата „цвета“ кога е во врска базирана на емотивна блискост и сексуална интима. Нивната комбинација од силни емоции и интелект, го прават ова дуо импресивно.

Скорпијата е потрпеливиот партнер во оваа врска, но за разлика од вагата, таа повеќе настојува да ги контролира работите. Без оглед на разликите во карактерите, интересно е тоа дека и двата знака сакаат да преземаат ризици и да ги користат шансите кои им се пружаат во животот. Затоа оваа врска не може да биде досадна. И вагата и скорпијата се големи шармери и наоѓаат големо задоволство флертувајќи еден со друг.

Овие два знака имаат различен стил на однесување. Скорпијата е таинствена, затворена и длабока личност, додека вагата е отворена и искрена, што значи дека партнерите понекогаш ќе мора да обрнат големо внимание на нивната комуникација.

Вагата е предводена од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а Скорпијата од Марс, што е симбол на нејзината страст и Плутон што ја означува нејзината моќ. Потребата на вагата за љубов, убавина и баланс, ги избиструва чувствата и мислите на скорпијата, кои често се многу заплеткани и сложени.

Влијанието на Марс врз скорпијата ветува активна и возбудлива врска. Исто така, обата знака не сакаат расправии, но од различна потреба. Скорпијата избегнува кавга, затоа што планира подоцна дискретно да се освети, додека вагата се згрозува од помислата да се кара, па затоа ќе направи сé што е во нејзина моќ да го спречи тоа, вклучувајќи нејзино повлекување и барање примирје. Во овој пар перфектно се измешани интелектот и емоциите. Истовременото користење на главата и срцето, му овозможува на ова љубовно партнерство да се справи со секаков предизвик и да ја одгатне секоја загатка. Сето ова е можно, само доколку знаците работат заедно, а не еден против друг.

Скорпијата е мајстор во стратегиско размислување и може да ѝ помогне на расеаната и неодлучна вага да се фокусира на битните работи. Но, преголемата емотивност на скорпијата, може понекогаш да ја обесхрабри и исцрпи вагата. Од друга страна, вагата понекогаш може да ја збуни и повреди скорпијата. Дипломатската страна на вагата може најмногу да помогне во ваквите ситуации.

Вагата секогаш сака да експериментира: да отиде со нејзината љубов на состанок во поинаков ресторан, да посети некоја галерија или да отиде на патување на ново место, но скорпијата е таа која ја донесува крајната одлука за реализација на идеите. Овие два знака ги имаат потребните карактеристики да постанат пар во кој меѓусебната лојалност и посветеност е на прво место, бидејќи истите се многу битни за секој од нив.

Најдобриот аспект во оваа љубовна врска е моќта која ја создаваат во нивната унија. Како пар, овие два знака можат да создадат многу работи и на љубовен и на финансиски план. И вагата и скорпијата се победници, кои не се откажуваат од своите замисли.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    pa so znam ne e bas za zal :-((((

  2. lakoska_viki@hotmail.com Reply

    се е точно!!

  3. valentina ivanovska Reply

    se e kako sto pisuava i samata ne mi se veruva

  4. Zivka :)) Reply

    POTOCNO ZDRAVJE ……duri i jas nemozam da poveruvam :)))

  5. ТЕА Reply

    НЕМОЖАМ ДА ПОВЕРУВАМ АИХХ :* :)

  6. Christian Reply

    WTF, now I know that I met my life partner 😀

Остави коментар