Вага и риби – пријателска комбинација

Вага и риби – пријателска комбинација

Уметничка душа каква што е вагата, не може да остане рамнодушна на креативната риба. Вагата и рибата можат да бидат одлични пријатели, под услов да не мораат да носат многу заеднички одлуки. Дури и кога треба да одберат кој филм да го гледаат в кино или во кој ресторан да одат на вечера, тие подобро да фрлаат паричка, бидејќи во спротивно ќе им биде проблем брзо да се одлучат. Проблемот се состои во тоа што и вагата и рибите се лекомислени и безгрижни луѓе, кои се секогаш сложни на сè. Никој од вас не може ниту да каже кој ви е омилен вкус на сладолед – сите ви се добри.Вага и риби - пријателска комбинацијаИ покрај тоа што двајцата обожаваат да си фантазираат и целат високо, вагата и рибата имаат проблем со меѓусебниот пристап. Така, кога рибата бара помош или совет за нешто, на вагата ù е непријатно да ù го даде, бидејќи не сака да ù го наметнува својот стил и начин на решавање на работите. Од друга страна, рибата се однесува порезервирано и повлечено кога е во присуство на вагата, бидејќи таа е секогаш позборлеста, шармантна и досетлива, па на рибата ù е потешко да дојде до израз.

Се прашувате дали вагата и рибата можат да ги надминат нивните разлики и да уживаат целосно во нивното другарство? Секако дека можат. Доколку вагата се обиде да ја охрабри рибата да си го следи својот инстинкт, секогаш кога ќе почувствува несигурност и ќе побара совет од неа. Рибата секогаш се разведрува и си доаѓа на себе, кога некој ќе ù покаже дека верува во нејзиното интуитивно чувство.

Рибите им дозволуваат на нивните емоции да ги водат низ животот, додека вагата се потпира на сопствената логика. Вагата најмногу го почитува чувството за фер-плеј кое го има рибата. Воедно, вагата ја почитува способноста на рибата да сочувствува со другите луѓе.

Овие двајца пријатели најверојатно имаат неколку заеднички интереси како цртање, музика, фотографија и разни спортови како возење ролери, скијање, играње тенис, пинг-понг и друго.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Николина Reply

    Ве молам, би сакала овде да прочитам за „Вага и Риби – љубовна комбинација!“
    Вашата веб-страница е моја омилена (една од омилените) која секојдневно ја посетувам и со задоволство ги читам нејзините содржини, а меѓу нив, секако омилени ми се текстовите од областа на астрологијата!
    Голем поздрав! 🙂

  2. Кафе пауза Reply

    Еве Николина повели линк до текстот и благодариме за убавите зборови 🙂 . http://www.kafepauza.mk/astrologija/vaga-i-ribi-%E2%80%93-ljubovna-kombinacija/
    Одамна ги имаме објавено сите љубовни комбинации и разни астролошки профили на кафе пауза. До истите може да се пристапи во делот „Хороскопски знаци“ кој се наоѓа од десната страна, под слајдерот. Поздрав

Напиши одговор на Николина Откажи одговор