Вага и рак – пријателска комбинација

На вагата ќе ù биде тешко да го разбере нејзиниот пријател со хороскопски знак рак, но сепак ќе се потруди да го стори тоа. Неа ù е сосема неразбирливо како може некој, во рок од неколку секунди, да го промени расположението од среќно во тажно, но ракот честопати го прави тоа и е составен дел од неговиот карактер. Ракот од друга страна, го обожава прекрасниот шарм на вагата, нејзината остроумност и софистицираност, но понекогаш има проблем да ги сфати нејзините мотиви. Тоа е така зашто вагата и ракот имаат многу различни потреби во животот.

На ракот му е потребна емоционална стабилност, а вагата е во потрага по интелектуална стимулација. Ракот најмногу го повредува кога ќе отвори некоја тема на разговор, а вагата ќе го изигнорира и ќе почне да зборува за нешто друго. Вагата пак ја иритира кога ракот избегнува теми на разговор како религија или политика.Вага и рак – пријателска комбинацијаДоколку успеат да ги надминат ваквите разлики и почнат да водат повеќе сметка за потребите на другиот, ракот и вагата сепак можат да бидат одлични пријатели. На ракот не му смета што мора секогаш да ја чека вагата со часови да се спрема за излегување или да одлучи каде сака да излезат, а на неа од друга страна, ù одговара кога некој ја разгалува. Вагата пак, секогаш знае да ја каже вистинската работа за да го разведри ракот и да ја подигне неговата самодоверба, а на него честопати му е  потребна токму поголема храброст за да се чувствува подобро.

Се прашувате дали овие два знака имаат нешто заедничко како пријатели? Да! Вагата и ракот се многу креативни хороскопски знаци. Разликата се состои во тоа што ракот сака да работи со своите раце, а вагата преферира да го создава концептот на работа. Со заеднички сили, овие пријатели можат да работат на многу импресивни проекти. Така, додека вагата смислува различни дизајни на облека, ракот може да ги изработува. Вагата може да измисли некој нов рецепт, а ракот може да го зготви јадењето.

Овие другари може да имаат обострана почит кон романтичната, инструментална музика. Исто така, за нив двајца може да претставува интересна активност, купувањето разни антички предмети. Од спортовите би се забавувале во скијање на бранови и парасејлинг.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар