Вага и рак – љубовна комбинација

Вага и рак – љубовна комбинација

Кога вага и рак се во љубовна врска, тие меѓусебно си ги надополнуваат оние работи кои недостигаат кај секој од нив. И двата знака бараат сигурност и безбедност во врската и уживаат во убавината и задоволствата кои ги пружа животот. Кога имаат иста цел, вагата и ракот умеат хармонично да ги „измешаат“ нивните енергии. Овој пар може побавно да прогресира во однос на други, бидејќи на почетокот ним може да им изгледа дека немаат ништо друго заедничко освен потребата за добро друштво, блискост и убавина. Но, ако си дадат повеќе време за да се запознаат подобро, ќе препознаат многу квалитети кај секој од нив, кои вредат за почит.

Вага и рак – љубовна комбинација

И на вагата и на ракот им е многу важно чувството на среќа и изразувањето на мислите и чувствата. Ракот го привлекува шармот, воздржаноста и тактичноста на вагата, а нејзините дипломатски способности може да го смират и во најкритичните ситуации. Од друга страна, вагата која е љубител на естетска убавина и хармонија, го почитува ракот поради неговиот инстинкт за негување на домот и безбедноста која доаѓа во пакет. Ракот има тенденција да избрзува со заклучоците и да донесува непромислени одлуки без да ги знае сите факти. Затоа е тука неговата вага која може да му помогне да ги види и другите перспективи на ситуациите. Ракот е предводен од Месечината која ги симболизира чувствата, а вагата од планетата Венера која е симбол на љубовта. Овој пар дели заедничка љубов кон домот, семејството и романтиката. Овие партнери најчесто би избрале хармоничен однос во врската, а не карање. Повеќе од која било друга љубовна комбинација, овој астролошки пар внесува чувство на топлина, нежност и стабилност на луѓето околу него.

Наспроти нивното согласување и единство, кај овој пар може да се јават несогласувања. Во тој контекст, вагата ги формира своите ставови врз база на разумот, па понекогаш може да се однесува супериорно и снобистички спрема својот љубовник. Од друга страна, ракот го гледа светот низ „емоционални леќи“ па лесно можат да му бидат повредени чувствата. Додека ракот го креира мислењето врз база на инстинктот и говорот на телото и е задоволен кога се земаат предвид неговите чувства, вагата бара нешто што ќе ѝ го стимулира умот, обидувајќи се да ја најде логиката на нештата. Поради ваквите разлики, на овие партнери понекогаш им е тешко да се разберат еден со друг. Конфликт може да настане и доколку ракот е премногу нерасположен и намќорест, а вагата премногу иронична и провокаторски настроена. Наместо да се караат кој повеќе се бори за врската, кој ги носи одлуките или кој ја одржува контролата, двата партнера треба да научат дека тие имаат различни гледишта кон светот. Ако неодлучноста на вагата го иритира ракот, таа може да ги употреби својот шарм и справедливост и да се согласи со неговите одлуки, но за таа цел тој мора да престане да се мурти. И двата хороскопски знаци се иницијатори по природа, што значи дека кога нивните идеи и погледи се разликуваат, настанува вистинска војна.

Која е најдобрата работа во оваа љубовна комбинација? – Нивната заедничка почит кон стабилноста, хармонијата во домот и љубовта кон удобниот живот. Сличните вкусови и желби ги зближуваат овие партнери, кои целосно се предаваат на врската и заеднички уживаат во нивната одлична смисла за убавина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. love girl Reply

    Дали би Можеле и Би сакале да напишете за вага и риби! Ви благодарам однапред 🙂

  2. Кафе пауза Reply

    Комбинацијата вага-риби ќе биде многу наскоро. 🙂 Најкасно до 22ри октомври. Поздрав

  3. kika Reply

    А дали би можеле да напишите комбинација овен-јарец???

  4. Barbie :) Reply

    A vaga i skorpija ke ima? 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Комбинацијата вага и скорпија ќе биде објавена во текот на седмицава. Поздрав

  5. sindy Reply

    kakva kombinacija se riba i rak

  6. Вага Reply

    ова е доста добро објаснето и навистина се созивувам со сите детали кои се написани во текстот,а најинтересно од се е што јас веке ги имам доживеано сите предности и недостатоци кои постојат помеѓу вага и рак.ви благодарам

  7. snaodliva :D Reply

    kakva kombinacija se rak i vodolija ???

  8. Ile Reply

    kakva kombinacija prestavuva ribi i rak me interesira?
    gledam ushte od oktomvri se objaveni ovie postoj a nemozam da najdam kombinacija za Ribi i Rak ve molam pobrzajte

    • Кафе пауза Reply

      Не се од октомври објавени, туку комбинациите ги објавуваме согласно со тоа во кој период е хороскопскиот знак. Моментално е риби, па во текот на нареднава недела ќе објавиме прво риби-бик, а потоа по ред ќе следува риби-рак. Поздрав

  9. Милена Reply

    Овен- водолија? :))))

Напиши одговор на Кристина Шумадиева Откажи одговор