Вага и овен – пријателска комбинација

Овенот и вагата се спротивни знаци во зодијакот, но овие другари никогаш нема да дозволат една незначајна ситница да застане помеѓу нивното интересно пријателство. Напротив, енергичноста на овенот, оди одлично во комбинација со сталоженоста и спокојноста на вагата. vaga-i-oven-prijatelska-kombinacijaВагата му се восхитува на овенот поради неговата решителност, самодоверба и ентузијазам. Од друга страна, може да има ситуации кога на вагата ќе ù смета преголемата наметливост од страна на овенот. На пример, овенот сака што поскоро да излезат и да одат во кино и ја напнува на телефон да побрза, а колебливата вага си помислува: „Нели на секој човек му се потребни 3 часа за да се подготви за излегување?“ Кога ќе почувствува вознемиреност од ваквото непотребно настојување од страна на овенот, таа треба само да се сети колку пати нејзиното другарче до сега имало желба да се прилагоди на нејзините премислувања за излегување на некое место, во последен момент, кога веќе целата вечер била испланирана.

Вагата мора да си признае себеси дека е убаво да се има пријател кој умее да се префрли од еден на друг план, за една секунда, без да се буни. Бидејќи овенот и вагата се интересни пријатели кои си ги надополнуваат нивните мани и доблести, тие никогаш не се чувствуваат дека пропуштаат некои нешта во животот за да ги задоволат потребите на нивниот пријател. Овие другарчиња најверојатно уживаат во разни спортски активности како возење ролери, играње тенис или лизгање со лизгалки по мраз.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар