Вага и овен – љубовна комбинација

Вага и овен се спротивни знаци во зодијакот, а сите знаеме дека спротивностите се привлекуваат. Љубовта помеѓу нив се раѓа уште од самиот почеток, како резултат на нивното огромно уживање во заеднички поминатите мигови. Вагата сака баланс во сè, додека овенот не знае што значи зборот воздржаност. Вагата ја привлекува храброста, решителноста и иницијативноста на овенот, како и неговата подготвеност да презема ризици. Овните се цврсти личности, кои имаат свое мислење за секоја тема, но понекогаш избрзуваат во своите постапки. Вагите пак, се високо интелигентни и аналитични личности кои сакаат да соработуваат и да ги решаваат работите по мирен пат.Вага и овен – љубовна комбинацијаПрисуството на вагата во животот на овенот може многу добро да му влијае, доколку тој научи да ја слуша. Шармантната вага внесува хармонија во врската и таа може да го научи овенот да се однесува со стил. Овенот за возврат може да ја научи неодлучната вага да донесува одлуки базирани на интуиција и да ги претвори идеите во реалност.

Овенот е секогаш добро друштво, од кое не може да ви досади. Вагата е софистицирана личност, која секогаш се труди да биде одмерена во односите со своите пријатели, додека овенот има побунтовен дух кој вагата може да го контролира со својот хумор.

Во кревет, вагата и овенот се страсни љубовници, кои обострано уживаат во нивниот сексуален апетит. Нивните очи може да почнат да „шараат“ по други луѓе, но само доколку им стане здодевно. За да не се случи тоа, овенот и вагата треба да се потрудат да го одржуваат нивниот однос жив и непредвидлив. Вагата сака да стапи во брак кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа, но овенот не е сигурен дали сака да биде засекогаш врзан со една личност. Ако вагата сака да го задржи овенот во своите прегратки, ќе мора да го натера да поверува дека идејата за брак била негова.

И двата знака имаат тенденција да започнуваат работи кои никогаш нема да ги довршат, без разлика дали станува збор за работа или за љубов. Навидум, во нивната врска лидер е овенот поради неговата моќна енергија и способност за убедување, но вагата е интелектуалниот лидер. И двата знака сакаат да ги држат конците во врската, па за да го добие овенот тоа што го сака може да се послужи со закани, а вагата со манипулација. Компромисот е основна алатка која може да го сочува здравиот дух на оваа врска. Среќа што дипломатската вага умее да ги балансира работите, за разлика од овенот кој мисли дека попустливоста значи потчинување. Поради тоа, вагата ќе мора да се труди да ги исполнува желбите на овенот, за да ја задржи хармонијата во врската. Од оваа љубовна комбинација обата знака можат да научат многу, бидејќи секој од нив го надополнува она што другиот го нема.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Neo Reply

    Moze za oven i lav?

  2. Вага Reply

    Жена ми е Овен а јас сум Вага . Па тоа е ужас,толкав инат немам видено у живот.Се мора да ја обработуваш за да и влезе во глава.Многу вистина во постов

  3. Emilija Reply

    nema vrska so mene jas sum vaga deckoto mi e oven zaedno sme 4 godini,Toj e mnogu popustliv i fin i ima golemo razbiranje za se,jas vo sporedba so nego, sum po buntovna i po izbuvliva .. no sepak ima kompromis :)

  4. jasna Reply

    Jas sum vaga a mojot soprug oven,pa eve funkcionirame 21 godina zaedno.Koj veli deka ne si odgovarame se laze,navistina se nadopolnuvame,a koga e izbuvliv znam kako da go skrotam…pozzzzzzzzz

  5. DarkAngel Reply

    Pa ni edna greska da nemaat napraveno, e toa e stvarno golemo cudo. LIKE

  6. Vaga Reply

    jas sum vaga i sum vo vrska so oven veke 2 godini.Odlicno funksionirame, nikogas ne sum custuval podobar period vo mojot zivot od ovoj sega, bukvalno sve mi e smeneto, duri i vozduhot poinaku go osekjam.

Остави коментар